Шпионки и танчарки, кралици и куртизани. Ова се некои од „најопасните“ жени низ историјата. Тие немале универзитетски дипломи, но биле доволно паметни и шармантни за да го остават својот белег во историјата. Овие жени биле убави и знаеле како да го искористат тоа. Нивните животи се опкружени со мистерии и легенди. Погледнете кои се некои од најшармантните жени низ историјата.rn
1. Клеопатра
rn
rnrnКога имала 21 година, Клеопатра била однесена во палатата на Јулиј Цезар. Таа го родила нивниот син 9 месеци по нивната прва средба. Тогаш Цезар одлучил да ѝ помогне на Клеопатра да го добие својот трон. Нивната врска предизвикала вистински скандал кај Римјаните, бидејќи тој веќе бил оженет со Калпурнија. По смртта на Цезар, Клеопатра се венчала со Марк Ентони и му родила 3 деца. Според историјата, Клеопатра била касната од египетска кобра. Вистината не се знае, но таа умира на 39 години. По нејзината смрт Египет станал провинција на Римската империја.rn
2. Клео де Мерод
rn
rnrnКлео била многу позната танчарка од Франција. Нејзиниот лик се појавувал на разгледници и карти за играње. Постојат гласини дека му била љубовница на кралот Леополд Втори кој се вљубил во неа кога ја видел како танцува. Кралот имал 2 деца со проститутка, па поради ова нејзината репутација била уништена. Но наскоро гласините биле заборавени и таа танцувала низ Европа и САД. Кога се запознала со уметникот Густав Климт, чија специјалност била женската сексуалност, помеѓу нив се родила љубов која го инспирирала филмот од 2006-та година – „Климт“ (Klimt)rn
3. Мата Хари
rn
rnrnРодена во Холандија, Гертруд Маргарет (Мата Хари) се венчала со холандски капетан кој бил упатен кон Индонезија. Нивниот брак пропаднал. Откако се вратила во Европа таа ја почнала својата кариера како стриптизета. Нејзина најпозната изведба било соблекувањето на облеката додека не останела со градник украсен со скапоцени камења. При крајот на нејзината танцова кариера, таа станала успешна куртизана и имала врски со офицери, политичари и луѓе на високи позиции. На почетокот на Првата светска војна, таа станала двоен шпион. Документите укажуваат дека всушност не била многу добра во оваа работа, но бидејќи знаела многу за сексуалните животи на француските политичари и генерали, таа добила смртна казна.rn
4. Лина Кавалиери
rn
rnrnЛина Кавалиери била оперска пејачка, актерка и една од најфотографираните ѕвезди во нејзино време. Таа толку го стегала својот корсет што нејзината половина имала обем од само 30 центиметри. Нејзиниот приватен живот бил тежок, како и нејзината кариера. Имала безброј љубовници, 5 сопрузи и син од професор по пеење. Во 1921 го напуштила светот на операта, се преселила во Париз и отворила салон за убавина. Загинала во 1944 година по воздушен напад кој ја погодил нејзината вила во Фиренца.rn
5. Прасковија Жемчугова
rn
rnrnПостои барем една вистинска приказна во која Пепелашка се венча со принцот. Семејството на Прасковија било едно од најбогатите во Русија во тоа време. Бидејќи имала неверојатен глас, Прасковија станала оперска пејачка и пеела со Николај Шереметев. Таа станала и негова љубовница, и тајно стапиле во брак. Подоцна добиле и официјално признание од императорот, а ова предизвикало вистински скандал во политичкото општество.rnrnПродолжува на следната страница…rn