КАФЕ ПАУЗА

Какви фармерки одговараат на вашето тело?

Фармерките се можеби најважниот дел од машката гардероба. Речиси нема нешто со кое не можат да се комбинираат и затоа тие се најчестиот избор на облека. Ги има секакви: темни, светли, класични, избледени… Можете да одберете какви сакате за да го негувате вашиот стил. Но, има една работа на која мора да се внимава – нивниот крој. Колку и да се убави фармерките, нивниот крој мора да одговара на вашето тело за да ви стојат убаво. Ако не знаете какви да одберете, послужете се со овој краток водич за фармерки според градбата на вашето тело составен според советите на неколку стилисти.rnrnkakvi-farmerki-odgovaraat-na-vasheto-telo-kafepauza.mkrn

Слаб тип

rnАко сте слаби и високи, одберете крој кој ја следи линијата на ногата и се стеснува надолу или тесни фармерки. Одбегнувајте ги широките, затоа што ќе изгледате смешно во нив. Гледајте да ви бидат точни кај задникот, затоа што на тој начин создавате слика дека сте пошироки. Истиот ефект го имаат и џебовите со капачиња. Избегнувајте штепови на џебовите и не додавајте метални додатоци за да не изгледате послабо, а од истата причина избегнувајте ги премногу избледените фармерки. Оние во потемни тонови подобро ќе ви стојат.rnrnКакви фармерки одговараат на вашето тело?rn

Атлетски тип

rnКрој на фармерки кој ја следи линијата на ногата вам ќе ви стои многу добро. Тој би требало да ви одговара во половината, кај задникот и во бутовите и ќе ја истакнува вашата атлетска фигура. Побарајте модел кој содржи 2-3% ликра за да можат фармерките малку да се шират доколку имате потреба од тоа, но не повеќе. За постојано да изгледате добро држете се до овој модел и избегнувајте ги тесните кои се лепат целосно за нозете.rnrnКакви фармерки одговараат на вашето тело?rn

Широк тип

rnДоколку имате широка градба на телото, треба да гледате да постигнете баланс, па најдобар избор за вас се фармерките со опуштен, прав крој, кои ја следат линијата на ногата, но се малку пошироки. Гледајте да се со повисок струк, значи да ви стојат над, а не под половината. Тоа ќе ви даде некој сантиметар плус во бутовите и кај задникот, што ќе направи да изгледаат како да ви се комотни, а бидејќи надолу се со прав крој, вашите глуждови нема да изгледаат како да пливате во нив. Нема потреба да се криете зад широките фармерки затоа што тие ќе ве направат уште покрупни. За таа цел можете да изберете потемен тон.rnrnКакви фармерки одговараат на вашето тело?rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.