КАФЕ ПАУЗА

Каква диета му е потребна на вашето полничко куче?

Каква диета му е потребна на вашето полничко куче?

Written by

in

,

Секојдневието на кучињата се состои од играње, пешачење, трчање, спиење и јадење. Но, сакајќи постојано нешто да грицкаат помеѓу забите, и кучињата исто како и луѓето, можат да се здебелат од консумирање нездрава храна и да станат тромави и мрзливи. Доколку сакате да се погрижите вашето куче повторно да има добра линија, прочитајте како да му помогнете да ги стопи вишокот масти, со помош на здрава диета.

rn

Каква диета му е потребна на вашето полничко куче?

rnrn

Дали вашето куче е дебело?

rnАко не сте сигурни дали е вашето куче полно или има таква природна конструкција, прво посоветувајте се со ветеринар, да видите што тој мисли. Ако и тој утврди прекумерна тежина, тогаш време е да преземете нешто. На кучињата кои имаат нормална телесна тежина, мешето не треба да им виси повеќе од градниот кош кога ќе го погледнете во профил. Исто така грбот не треба да му биде многу обемен.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rn

Измерете му ги килограмите на вага

rnПред да го стартувате здравиот режим на живот на вашето куче, кренете го внимателно во раце и качете се на вага. Потоа едноставно, одземете ја вашата телесна тежина и ќе ја добиете неговата маса. Проверете која е идеалната тежина за расата на вашето куче, според табелата направена од американското здружение за спречување на здебелувањето на животните.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rn

Не му давајте да јаде од вашата храна

rnПрвата работа која треба да ја направите за да ја ставите под контрола тежината на вашето куче, е да престанете да му давате храна за луѓе. Миленичето можеби на почетокот ќе биде вознемирено, ќе ви се лути, а можеби и ќе ве моли со тажниот поглед во очи, да му фрлите некое мевце под трпезата. Но, доколку сакате да му помогнете со проблемот со килограмите, тогаш не треба да му попуштате. Човечката храна многу лесно се таложи на кучињата. Можеби си мислите „ако јас ја јадам, зошто да не може и моето куче?“, но неговото тело не е исто како вашето и нему не му е потребна вашата храна, си има своја.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rn

Избегнувајте да му давате да грицка помеѓу оброци

rnДиетата за вашето куче не мора да биде многу строга. Откако ќе престанете да му давате од вашата храна, внимавајте да не му давате многу често да грицка меѓу оброците. Почекајте да видите дали ќе има некаква промена во неговите килограми. Вие ќе можете и понатаму да го почестите зашто на пример, дента многу послушно реагирало на вашите наредби, а притоа да не внесува непотребни калории. Дајте му здрави грицки како морков или целер. Не сте сигурни дали вашето куче ќе сака да јаде морков? Обидете се, можеби ќе се изненадите од неговата реакција.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rnrnАко и понатаму е доста полно вашето кутре, тогаш ќе мора да ја намалите количината на кучешка храна која му ја давате, но за ова е подобро прво да се посоветувате со неговиот ветеринар, за да не дозволите тоа да прегладнува.rn

Избегнувајте ја диеталната кучешка храна

rnНе користете диетална кучешка храна за поедноставно да го решите овој проблем. Основните хранливи состојки се отстранети од оваа храна, за да се намали нејзината калоричност. Проблемот се состои во тоа што, основните масти се неопходни за вашето мило животинче да има здрава кожа, убаво крзно и високо енергетско ниво. Ако сепак решите да му давате диетална храна, правете го тоа постепено, а не одеднаш. Првите денови мешајте му ја со регуларната храна која ја јаде.rn

Носете го секојдневно на прошетка во паркот

rnТерајте го вашето куче повеќе да вежба за да ја намали неговата тежина. Секако, тоа не значи дека треба да го носите вашето куче на едночасовна прошетка, доколку тоа досега било навикнато на 15 минути движење на ден. Исто како и кај луѓето, и на вашето куче му е потребно прво да стекне малку кондиција, за да не се исцрпува и да нема болки во телото. Постепено, од ден на ден, покачувајте ги минутите наменети за прошетка и трчање. Така, ако тоа е навикнато на 15 минути спортување дневно, тогаш покачете го ова време на 20-25 минути на ден. После една недела покачете го уште за 5-10 минути и така секоја седмица.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rn

Терајте го да трча кога ќе му фрлите играчка

rnВо продавниците за миленичиња, ќе најдете разнообразни играчки за кучиња. Сите играчки кои се лесно преносливи, се одлични за неговата диета. Користете топчиња, фризби, плишани играчки или некоја друга ваша омилена играчка. Фрлете ја во тревата еднаш, два пати, пет пати, сè додека вашето кученце не се растрча малку.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rn

Шетајте го по трева и песок, а не по асфалт

rnСекогаш земајте ја предвид површината по која вашето куче пешачи. Оние кучиња кои секогаш пешачат по тротоари и асфалтни површини, ги абат нивните зглобови и шепи. Пешачењето по трева и песок е добро за неговите зглобови, а зелената околина ментално ќе ја стимулира неговата љубопитност и ќе го направи потолерантно за подолго движење.rn

Вежбајте го вашето куче наутро

rnАко го терате вашето куче да вежба рано наутро, пред да јаде појадок, ефектите ќе бидат многу поголеми отколку ако вежба поручек или навечер. Однесете го на прошетка во зеленило рано наутро што ќе му овозможи да согорува калории во текот на целиот ден, дури и кога ќе одмора. Доколку ова го практикувате секој ден и вие паралелно ќе одржувате здрава линија на вашето тело.rn

Стимулирајте го психички

rnУпотребувајте мили зборови и погалете го вашето куче пред, за време и по вежбањето, за тоа да знае дека ја прави вистинската работа и ги исполнува вашите желби. Колку и да ве сака кучето, ако му претставува тешкотија да вежба, ќе треба повеќе да се потрудите со менталната стимулација.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rnrnАко вашето куче има здравствени проблеми, слушајте ги исклучиво советите од ветеринарот. Доколку тоа е сосема здраво, а има проблем само со тежината и сакате да создадете здрави навики во неговото, а со тоа и во вашето секојдневие, тогаш правилно следејќи ги овие освети, очекувајте резултати за неколку месеци. Идеално е вашето куче, на неделно ниво да губи од 1-2% од телесната тежина.rnrnПрочитајте и како правилно да го чешлате вашето бушаво куче.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.