Вашите деца се поспособни отколку што мислите, затоа е време да ги научите на основните животни лекции.rnrn
rnrnСо толку многу нешта кои може да ги научат во денешниот свет на технологијата, децата пропуштаат да научат практични животни вештини, како што се: перењето облека, читањето мапи или пишувањето писма на хартија.rnrnСпоред едно неодамнешно истражување, 58 проценти од децата на возраст од три до пет години, во САД, знаат како да ракуваат на паметни телефони, додека само помалку од 15 проценти знаат да си направат појадок, според информациите добиени од родителите.rnrnЗапочнете да го учите вашето дете на овие животни вештини и еден ден тоа ќе ви биде благодарно.rn
1. Перење
rnПремногу тинејџери одат да студираат без да знаат како да ја исперат својата облека. Не дозволувајте вашето дете да стане едно од нив. Можете да го научите како се пере облеката уште од шестгодишна возраст.rnrnПоминете низ целиот процес, од тоа како да се измери количината на облека и како да додадете детергент, до тоа како да изберете програма и да ја стартувате машината.rn
2. Пакување подароци
rnДецата сакаат да даваат подароци, а пакувањето ќе ги направи уште посреќни.rnrnПредучилишните деца може да помогнат при сечењето и лепењето на хартијата, додека помалите деца може да го завиткаат подарокот со ваша помош, да ги отстранат цените од предметите, да пронајдат кутии со соодветна големина или да ставаат машнички.rn
3. Засадување растенија
rnМногу деца уште од градинка учат како да садат семе во градината, но не и како да пресадуваат растенија.rnrnВитни Коен, една од авторките на книга за градинарски проекти за деца, споделува кратки и едноставни упатства:rn
- rn 011
- Побарајте од детето да ископа дупка малку поголема од садот во кој е растението.
- Извадете го растението од садот и ставете го во дупката, нежно земајте од почвата и полека ставајте во дупката.
- Вашето дете внимателно нека става вода од кантата за наводнување.
rn 011
rn 011
rn
rn
4. Ковење клинци
rnЗа да го научите вашето дете да го прави тоа, користете парче меко дрво како бор, топола или кедар. Ако имате можност, ставете го дрвото на масата или пак, поставете го на земја.rnrnИзберете клинци со широка глава. Првично, вие ќе треба да го „започнете” секој клинец.rnrnКога вашето дете ќе биде подготвено, можете да го наместите клинецот низ мало парче картон за тој да се задржи на своето место додека детето пробува да го закова во дрвото. Притоа на вашето дете треба да му се заштитени прстите.rnrnОткако ќе го совлада тој метод, нека се обиде самостојно. Бидете подготвени на тоа да го удри палецот неколкупати, пред да ја совлада техниката.rn
5. Пишување писма
rnНаучете ги постарите деца како правило да пишуваат писма. На тој начин ќе го извежбаат и својот ракопис, а ќе научат и креативно да се изразуваат. Важно е да најдат непознато другарче за допишување. Вие може да им предложите како да го најдат.rn
6. Подготвување едноставни оброци
rnПоканете го детето да ви помогне да подготвите оброк. Вклучете го и него додека готвите, на пример, може да стави брашно или да скрши јајце. Овошниот јогурт е многу добра идеја за појадок што може да ја подготви само. Предучилишните деца може да стават во чинија неколку лажици јогурт и да додадат претходно измиено и исечкано овошје.rnrnСо деца на возраст од пет години и постари може да подготвите сендвичи со насмевки од кечап. На седум или осумгодишна возраст, вашето дете може да се обиде да стави пица да се пече или да направи едноставна салата.rnrnОд десетгодишна возраст, децата може да го користат шпоретот под надзор.rnrnФокусирајте се на безбедноста во кујната додека тие не стекнат навики и можеби ќе имате врвен млад готвач дома.rn
7. Како да се справат со раните стекнати при играње
rnПреку игра со кукли или мечиња, научете ги децата што треба да прават кога ќе се повредат. Тоа добро ќе им дојде кога ќе бидат сами.rnrnНаучете ги како да ја избришат раната со алкохол, како да го сопрат крвавењето и како да стават завој или фластер.rn
8. Чистење на бањата
rnТоа би можело да биде задача за поголеми деца. Тие може со марамче за дезинфекција да ја избришат даската од ве-це шолјата или капакот, но замолете ги потоа темелно да си ги измијат рацете.rnrnДецата може и да ја исчистат ве-це шолјата со нетоксично средство за чистење како сода бикарбона и оцет.rnrnМожеби ќе ви биде интересно да прочитате и за 3-те животни вештини што не се учат на училиште, а без кои не можете да преживеете.