Изгледот знае да излаже. Сите знаеме какви се момците. Делуваат силно и рамнодушно, ги потиснуваат чувствата и се преправаат дека „ги боли уво“ за вас. Но, вистината е дека тие се грижат многу повеќе одошто мислите. Се изненадивте?rnrn
rnrnСекако дека ставаат маска на ладни и рамнодушни фраери за да не ви покажат колку всушност им значите. Па така, тие ќе ја проголтаат секоја можна емоција што ќе ја почувствуваат, а вие ќе се прашувате што ли им се врти во главата.rnrnНе е никаква новост тоа дека дамите понекогаш претерано размислуваат. Кога партнерот ќе раскине со нив, тие почнуваат да го анализираат секој можен детаљ од врската што би можел да доведе до тоа. Тие само сакаат да ги разберат, да се стават на нивно место и да откријат како размислуваат. Но, благодарение на машкиот цврст оклоп, на девојките им остануваат само низа неодговорени прашања.rnrnТреба да знаете дека иако ТОЈ ви раскинал тоа не значи дека не го погодило раскинувањето исто толку колку и вас. И тој има чувства. И него го боли. Можеби глуми дека не му недостасувате и дека ве преболел, но никој не може да преболи врска толку брзо. Тоа едноставно не е во човечката природа.rnrnНе можеме туку-така да ги заборавиме луѓето кои биле дел од нашиот живот. Момците се многу почувствителни одошто изгледаат, но не се толку храбри да го признаат тоа. Притоа, тие се обидуваат да ги скријат нивните вистински емоции на повеќе начини. Ова се трите најчести…rnrn
rn
1. Се однесуваат како да не им е гајле
rnТој се однесува како раскинувањето воопшто да не го погодило, но тоа е само одбранбен механизам. Ако тој глуми дека не се грижи за вас, можете да бидете сигурни дека тој всушност многу се грижи за вас. Секој маж сака луѓето да мислат дека тој веднаш може да продолжи понатаму по раскинувањето, но на тој начин само се обидува да се скрие зад својата смирена надворешност.rn
2. Ве игнорираат
rnНа овој начин вашиот поранешен партнер се обидува да глуми фраер. Нормално дека ве повредува тоа што оној кој ви значел сѐ, сега се преправа дека не ве познава. Но, тој ве одбегнува затоа што раскинувањето навистина многу го погодило. Тоа е вистинската причина за неговото лошо и некултурно однесување. За него премногу е болно да ве гледа и да разговара со вас секој ден. Поради тоа, тој се обидува да стори сѐ за целосно да ве оттргне од неговиот живот.rn
3. Премногу се обидуваат да ви бидат пријатели
rnНекои момци не сакаат да бидат во врска со вас, но не се подготвени целосно да ја прекинат комуникацијата. Можеби не се веќе вљубени, но сакаат да го задржат пријателството. Постојат многу причини зошто вашиот поранешен партнер премногу се труди да останете пријатели. Обично, тоа значи дека навистина им значите, но повеќе би сакале да имате платонски однос, отколку љубовен.