Многу луѓе имаат проблем да го остават минатото зад себе. Тие го носат постојано со себе, размислуваат константно за него и дозволуваат тоа да има огромно влијание врз нивниот живот денес.rnrn
rnrnСекако, минатото постојано ќе биде нешто што ќе влијае врз вас до одреден степен. Голем дел од она што сте вие денес и она што сте го научиле во животот е кулминација од искуствата од вашата лична историја. Но, и покрај тоа што минатото може да влијае врз вашата иднина, тоа не мора да значи дека мора и да ја диктира. И најважно од сè, не мора да биде нешто кое постојано ве демне зад грб.rnrnТокму затоа треба да создадете простор помеѓу вас и вашето минато за да можете да си дозволите да растете и да се развивате на нови начини. Ова можете да го направите така што ќе создадете еден вид психолошка оддалеченост, што претставува субјективна перцепција за тоа колку всушност сте оддалечени од нешто во вашата сегашна реалност. Погледнете ги наредните неколку чекори за формирање на психолошка оддалеченост помеѓу вас и вашето минато.rn
Гледајте на вашето минато од надворешна перспектива
rnЕден многу добар начин на создавање психолошка оддалеченост е да се замислите себеси како гледате на одреден настан од надворешна перспектива. Потсетете се на некое ваше лошо искуство. Сега замислете како седите во кино и како го гледате тој настан на платното. Можете дури и да си поиграте со него – премотајте го нанапред или наназад, гледајте го обратно – од крај до почеток или пак, гледајте го забрзано или забавено. Замислете како јадете пуканки додека гледате во проекцијата. Како што ќе поминува настанот, ќе забележувате дека можете да се насмеете на вашата претерана реакција или можеби, ако повеќе не ви се гледа, без никаков проблем ќе станете и ќе си отидете од кино салата.rnrnПравејќи го ова вие се оддалечувате од искуството и на тој начин му овозможувате на ова сеќавање да биде помалку интензивно и помалку поврзано со вашиот личен идентитет.rnrn
rn
Променете ја вашата околина
rnЗапочнете со некое место кое најмногу ве потсетува на вашето минато – вашата спална соба, дневната просторија или пак, канцеларијата. Откако ќе го одберете вашето место, почнете да размислувате како би можеле да го промените. На пример, додадете нови декорации, нови фотографии, преместете го мебелот, обојте ги ѕидовите во различна боја…rnrnДруг начин на кој можете да ја промените вашата околина е музиката која секојдневно ја слушате. Често се случува да се поврземе со некој бенд, песна или албум во одреден период од нашиот живот. И секој пат кога ќе ја слушнеме таа музика, ние инстантно се навраќаме во тој период. Освежете ја вашата плејлиста со нова музика и на тој начин многу едноставно и брзо ќе направите психолошка оддалеченост.rnrn
rn
Барајте нови искуства
rnАктивната потрага по нови искуства е одличен начин за создавање на психолошка оддалеченост. Една работа која придонесува цврсто да се држиме за минатото е непробувањето нови нешта. Одлучуваме да останеме дома, ги посетуваме истите места и ја следиме истата рутина. Ова нè одржува заробени во истите шеми кои нè потсетуваат на нашето минато. Токму затоа почнете да одите на нови места, создавајте нови пријателства и бидете отворени за нови активности. Фокусирајте се на градење нови сеќавања за иднината, наместо да се концентрирате само на оние кои веќе ги имате.rnrn
rn
Потсетете се на нештата кои сте ги промениле
rnПоголемиот дел од промените во нашиот живот се бавни и постепени. Всушност не ги ни забележуваме сè додека не застанеме и не погледнеме 5-10 години во минатото. Дури тогаш ќе забележиме колку нашиот живот се сменил. Токму поради тоа, психолозите сметаат дека е многу важно да се потсетувате себеси на оние нешта кои се променети. Колку посвесни станувате за далечината која сте ја поминале, толку повеќе можете и психолошки да се оддалечите од вашето минато.rnrnОдвојте 5 минути од вашето време денес и напишете 3 за вас значајни начини на кои вашиот живот се променил во последниве 5 години. Размислете каков ви бил животот во минатото и каков ви е сега, во сегашноста.rnrnПостои една изрека која вели, „Не размислувајте за тоа колку далеку треба да одите, туку колку далеку сте стигнале.“ Ова е краток и сладок начин да создадете психолошка оддалеченост помеѓу вас и вашето минато.rnrn
rn
Замислете се себеси како поминувате низ психолошка врата
rnСекој пат кога сакате да направите директна промена во вашиот ум, најчесто е многу корисно да користите симболи и метафори. Еден од тие симболи при создавањето на психолошка оддалеченост помеѓу вас и вашето минато може да биде „поминувањето низ нова врата“. На пример, да претпоставиме дека сакате да се оддалечите од вашата мината врска. Замислете се себеси како стоите до вашиот поранешен партнер, а потоа замислете како го оставате таму и како вие поминувате низ една врата кон сосема нов свет. Со неколку повторувања на оваа вежба, би требало да почувствувате поголема оддалеченост помеѓу вас и таа врска.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
