Иако никој не го очекуваше тоа, заштитните маски станаа дел од нашиот секојдневен живот. Ако сте одговорна личност сигурно секогаш со себе носите маска. Маските исто така им помогнаа и на многу модни брендови полесно да се справат со кризата со тоа што почнаа да ги произведуваат. Проблемот е што многумина не знаат како правилно да ги чистат овие маски.rnrn
rnrnЕдно од првите прашања е што да направите откако ја носевте вашата памучна маска? Најважно е да не ја чувате во вашата чанта туку да имате посебна торба за тоа. Никогаш не ја допирајте маската со рацете, а во моментот кога ќе ја симнете држете ја на краевите. Исто така многу е важно веднаш да ги дезинфицирате рацете со антибактериски гел или да ги измиете.rnrnМаската можете да ја ставите во машината за перење заедно со другата облека. Но, направете го тоа веднаш по носењето и никогаш не ја носете маската повеќе од еднаш. Користете го вашиот вообичаен детергент, само ставете ја температурата на водата да биде повисока, на пример 60 степени. Освен ова, не заборавајте да ја фрлите хируршката маска која е за една употреба.rnrnИако летото е тука и сите сакаме да излегуваме, да одиме на концерти и одмор, коронавирусот сè уште е присутен кај нас. Затоа, бидете одговорни. Ако не за себе, тогаш за другите.rnrnПрочитајте и како да ги мотивирате децата да носат маска и да им објасните зошто е тоа важно.
Како правилно да се грижите за вашата заштитна маска?
