Како до чисти пори и изедначен тен? Користете магдонос

Сподели

Затнатите пори се причина за барем половина од проблемите поврзани со вашето лице. Постојат различни начини да ги исчистите порите, а трикот со магдонос е еден од нив. Овој зеленчук може да ви послужи за правење на едноставни домашни третмани благодарение на кои ќе можете да ги исчистите вашите пори на природен начин.

Реклама

Магдоносот е растение што има својство да ги стеснува порите, притоа туркајќи ги токсините и останатите нечистотии што ги затнуваат.

Еве неколку начини за да ги искористите предностите на овој зеленчук:

Реклама

Откако ќе ги измиете свежите ливчиња магдонос, потопете ги во врела вода. Оставете ги да отстојат внатре додека водата не се излади. Потоа во чајот од магдонос потопете памучна крпа и со неа прекријте го лицето 10-15 минути. Оваа постапка повторувајте ја секој втор ден.

Друг начин за да го искористите лековитото својство на магдоносот е со парење на лицето. Парењето на лицето е неопходен метод за време на професионалните козметички третмани бидејќи после тоа кожата е мека и порите се чистат многу полесно.

Во тенџере со врела вода ставете грст свеж магдонос кој претходно сте го исечкале. Поставете го лицето над тенџерето и покријте се со пешкир додека водата со магдонос испарува (исто како за време на настинка).

Реклама

Лековитата пареа треба да ви го допира лицето околу 10 минути. После тоа, кожата е мека, порите се отворени и подготвени за длабинско чистење.

За дополнителна нега, проверете ги и овие масажи што се прават секојдневно за одржување на цврстината на кожата на лицето.

Најново

Може ќе ве интересира