Иако Ким Катрал, глумицата која ја глумеше Саманта Џоунс во популарната ТВ серија и во двете продолженија од „Сексот и градот“ допринесе да се промени сликата за сексуалниот живот на постарите жени, сепак и понатаму преовладува мислењето дека тие не уживаат толку многу во сексот.
Според сфаќањата во нашиот регион, кога ќе надминеш 45 години, целиот живот оди во надолна линија, па така и сексуалниот. Па иако многу постари, познати холивудски глумици и светски пејачки изгледаат фантастично на оваа возраст, сепак тоа не е доволно за да се промени општото мислење во регионов.rnrnСепак, според најновите истражувања, резултатите велат дека оние кои така размислуваат се во огромна заблуда. Истражувањето било направено на жени на возраст од 40 до 100 години, а резултатите покажале дека половина од испитаниците се сексуално активни, дури и во осумдесеттите години од животот.rnrnИстражувањето исто така им дава совети на дамите помлади од 40 години како да го подобрат својот сексуален живот. Истражувачката Елизабет Берет Конир вели дека младите луѓе кои страдаат од сексуална дисфункција најчесто се жалат дека немаат желба за секс. За разлика од нив постарите жени не размислуваат за сексот, не планираат кога ќе го имаат, ниту пак го бараат, но сепак се сексуално задоволени.rnrnПоентата лежи во тоа што жената треба да се чувствува удобно во својата кожа. Младите премногу размислуваат, планираат и се стресуваат околу сексот, а и понатаму патат од ниско либидо. Тие често се стават себеси под притисок и тежнеат кон досега недоживеано искуство, а тоа не резултира позитивно. Можеби годините не се важни, но претераното размислување секогаш е контрапродуктивно.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
