Лојалниот маж прави да се чувствувате како најубавата жена во секоја просторија. Никогаш не прави да се сомневате во себе. Тој ве охрабрува да се сакате себеси.rnrn
rnrnЛојалниот маж ќе ги избрише апликациите за состанување. Ќе го прекине контактот со девојките кои му се допаѓале бидејќи знае дека не му се потребни повеќе. Не е заинтересиран да ве замени со никоја друга. Знае дека не му е потребен друг план во случај вашата врска да не успее бидејќи верува дека ќе бидете заедно целиот живот.rnrnЛојалниот маж не се грижи само за сексот. Тој ве цени поради вашиот ум, вашата смисла за хумор, вашиот карактер сокриен под вашата кожа. Ужива да поминува време со вас дури и кога сте целосно облечени. Верува дека интимноста е многу повеќе од соблекување на облеката. Тој ве држи за рака, ве прегрнува и внимателно ве слуша кога зборувате.rnrnЛојалниот маж мисли на вас дури и кога не сте до него. Ви испраќа порака додека е излезен со пријателите. Ве проверува во текот на денот биејќи сака да знае дали сте во ред. Ви обрнува внимание секој ден, не само кога сте во иста просторија со него.rnrnЛојалниот маж сака целиот свет да знае дека сте заедно. Ве запознава со неговото семејство. Ве носи на пијачки со неговите пријатели. Ве носи на настаните организирани од кај него на работа и сите негови колеги веќе го знаат вашето име. Ве спомнува на секого што ќе го сретне бидејќи е горд што е „зафатен“.rnrnЛојалниот маж одговара на вашите прашања без да бара начин да избега од непријатните разговори. Ви ја кажува вистината дури и кога ви е тешко да ја слушнете. Ве почитува доволно за да ви ги даде сите информации наместо да ви кажува само делови од приказната со цел таа да звучи подобро.rnrnЛојалниот маж има морали. Не верува во лажење, изневерување или манипулација. Кога ќе слушне за нечие неверство, не бара изговори за тоа. Го искажува своето разочарување бидејќи смета дека никој не заслужува да биде изневерен.rnrnЛојалниот маж никогаш не крие ништо од вас. Ви дозволува да ја видите и неговата грда страна што ја крие од остатокот од светот. Нема потреба да измолувате одговори од него. Тој е ранлив со вас. Ви кажува сè што сакате да дознаете. Никогаш не крие ништо, особено не неговото срце.rnrnЛојалниот маж е личноста на којашто можете да ѝ верувате. Кога ќе се појави малку подоцна од очекуваното, не се грижите каде бил. Знаете дека не направил ништо за да ве повреди. Знаете дека или имало метеж, бил задржан на работа или бил со неговите пријатели. Не сте параноични во врска со него бидејќи знаете дека никогаш нема да ве повреди.rnrnПрочитајте ги и 10-те работи што мора да ги знаете за љубовните врски.
Како навистина изгледа лојалниот маж?
