Интервјуата за работа честопати се многу стресни. Без разлика колку се подготвуваме, некако секогаш останува нешто од кое не сме задоволни. Неретко, тоа е облеката. Облеката игра важна улога во првиот впечаток кој работодавачот ја добива за потенцијалниот вработен. Некогаш може само од облеката да зависи дали ќе го добиеме работното место.rnrnБидејќи знаеме колку тешко може да биде да ја најдете совршената комбинација, склопивме неколку модни опции и неколку совети кои ќе ви помогнат да се чувствувате самоуверено и пријатно во сопствената кожа.rnrn
rn
1. Бизнис кежуал
rn
Одлично за: адвертајзинг, ПР, логистика, недвижнини
rnАко средината во која сакате да работите ви дозволува да имате малку послободен и посекојдневен стил, сепак имајте на ум дека мора да изгледате професионално и конзервативно. Ако работите во индустрија која е позната по својот секојдневен дрес-код (како горенаведените) дефинитивно внимавајте што ќе облечете бидејќи сакате изгледате елегантно, а сепак да не претерате.rnrn
rnrnНајдобра комбинација е класичен џемпер со ¾ ракави, а под него кошула со тесни пантолони со прави ногавици. Ваквата монохроматска комбинација на сини нијанси е одличен избор.rn
2. Модерно и секојдневно
rn
Одлично за: модна и козметичка индустрија, адвертајзинг, ПР, дизајн, старт-ап
rnСлично како на претходното, со единствена разлика што треба повеќе да внимавате на моменталните трендови. Ваквиот стил е соодветен за покреативни средини, но сепак бара професионална нота. Ракавите и здолништата до и под колениците се добредојдени, но имате слобода да додадете интересни додатоци кои ќе го претстават вашиот карактер и стил.rnrn
rn
3. Бизнис професионално
rn
Одлично за: финансии, сметководство, правни фирми, консалтинг, маркетинг, бизнис
rnАко припаѓате во ваквата работна средина многу е важно да изгледате што е можно поформално и класично. Тука спаѓаат класичните црни или темносини комплети со струкирана бела кошула. Ова е позната е како добра и моќна комбинација за сите работни средини. Барајте пантолони кои се струкирани и малку стеснети. Избегнувајте ги кроевите наменети за во чизми, бидејќи изгледаат лошо.rnrnАко во оделото има здолниште, тоа треба да биде до коленици или под и секако да биде со соодветен крој. Тесното здолниште во А-линија треба да има стеснување кон колената. Ако тоа биде право или премалку стеснето ќе изгледа неуредно. Обувките треба да бидат класични потпетици, во црна или беж боја, секако затворени.rnrn
rnrnИзбегнувајте силни бои или нешта кои привлекуваат внимание. Во ваквата околина вашиот шеф воопшто не е заинтересиран за вашата смисла за мода. Така што, бидете сигурни дека вашата облека нема да одвлекува внимание од вашиот професионализам или карактер.rnrnХулахопките (црни или беж) се задолжителни. Ако ова ви звучи премногу здодевно, секогаш можете да носите класичен, црвен кармин (никако розов!) за да ја освежите комбинацијата.rnrnСовет плус: Купете го оделото неколку недели пред интервјуто за да имате доволно време да го однесете на кројач за да ви го направат по мерка.rnrn
rn
Останати совети за која било индустрија
rn
Кога не сте сигурни што точно да облечете, додадете парче плус
rnЗемете сако: тие имаат моќ да ја трансформираат секоја комбинација од секојдневна во професионална и формална. Запаметете дека е во ред да бидете малку поформални за разлика од вашиот работодавач, но не и обратно.rn
Сведете ги шминката и фризурата на минимум
rnНе претерувајте со кадриците или драматична шминка. Исклучок од ова правило е добриот модерен, а сепак класичен, црвен кармин.rn
Ноктите исто така треба да бидат едноставни
rnБеж, нежно розовите или црвените нокти изгледаат професионално. Избегнувајте светки, дизајн, неон розово или која било друга силна боја.rn
Оставете го парфемот за друга прилика
rnБез разлика колку добро мириса, може да биде навредлив или премногу силен за човекот кој ве интервјуира.rn
Не прескокнувајте ја убавата и квалитетна чанта
rnБидете сигурни дека таа е во добра состојба, дека нема гребнатинки или остатоци од мастило и сл. Идеален тип чанти се класичните кожни правоаголни чанти или поштарската чанта. Ако се одлучите да инвестирате во професионални парчиња ова треба да ви биде првата идеја.rn
Роковниците и тетратките треба да бидат професионални
rnДизајнираната тетратка оставете ја дома. Знаеме дека е слатка, но не е за оваа прилика. Можете да ја користите откако ќе ја добиете работата, но не и пред.rn
Ако носите високи потпетици, трудете се да не бидат превисоки
rnВерувајте ни.rn
Носете очила
rnМожат да ви бидат потребни за да прочитате ништо или пак за да направат да изгледате постаро и позрело, особено ако имате постара конкуренција.rn
Тргнете ги очилата за сонце
rnПред да влезете, запаметете да ги тргнете очилата за сонце (и не, тоа не подразбира да ги ставите во косата). Ако ги оставите во косата ризикувате да изгледате непрофесионално и несериозно.rnrnПред сѐ многу е важно да се чувствувате удобно и пријатно во она што го носите. Ако вие верувате во себеси тогаш ќе почнат и другите.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.