Додека некои луѓе веруваат дека сите ние сме жртви на нашата судбина, другите ги откриле скриените моќи на репрограмирање на умот и ја создаваат реалноста во која сакаат да живеат.rnrn
rnrnПотсвесниот ум е спореден со невидлив леден брег што се наоѓа под вода. Овој „подводен“ дел од умот постојано е активен, дури и кога спиеме.rn
Вашиот потсвесен ум е она што го нарекувате судбина
rnФројдовиот модел на потсвесното е она што управува со однесувањето, навиките и нагоните на една личност. Додека Карл Јунг сметал дека треба да обрнеме внимание на она што се случува во „подлабоките“ делови од умот или нема да успееме да станеме свесни за несвесното, ова ќе нè натера да мислиме дека станува збор за судбина. Во реалноста, свештениците и оние кои си го посветиле животот на личниот развиток го репрограмираат потсвесниот дел од мозокот.rnrnТие знаат како да репрограмираат одреден дел од мозокот користејќи афирмации и мантри. Кристина Сарих ја опишува мантрата како специјализирано групирање на звуци и вибрации кои имаат позитивно влијание на менталното и психолошкото. Мантрите се користени од свештениците како моќна алатка за креирање посакувани резултати.rn
Како да го репрограмирате вашиот потсвесен ум?
rnХиндуистичкиот свештеникот, Дандапани, дал неколку насоки.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=Gku2OodrnQ0rn
- rn011
- Користењето мантра или афирмација всушност ја репрограмира потсвеста
- Изговарање афирмации како „Јас сум среќен/а“ или „Јас имам самодоверба“
- Повторување на секоја афирмација со секоја мантра
rn011
rn011
rn
rnСепак Дандапани нагласува дека клучот за успех е подготовката. Морате да ги имате следниве клучни состојки за процесот на афирмација:rn
1. Свесен избор на позитивни зборови
rnМорате да одберете позитивни зборови, како „Јас сакам јаболко“. Умот ќе ги препознае зборовите „Јас“ и „Сакам“, но не и „Јаболко“. Последниов збор може да претставува повеќе избори кои се појавуваат во текот на денот. Постојат големи јаболка, мали јаболка, па може дури зборот јаболко да го поврзете и со Епл, или кој било уред од таа компанија. Односно, зборовите во оваа реченица не се доволни за да ве доведат до посакуваната визуализација.rn
2. Јасна визуализација
rnКога ќе замислите големо, црвено јаболко, дури тогаш умот ќе препознае што всушност сакате. Вие го сакате токму тој вид јаболко. Ова покажува колку се важни и зборовите и визуализацијата во процесот на афирмација.rn
3. Соодветни чувства
rnЧувствата се емоции, а емоциите се енергија. Никола Тесла добро ја опишал хинду филозофијата со следниве зборови:rn
„За да ги откриете тајните на универзумот, размислувајте за енергија, фреквенција и вибрација.“
rn
„Сè е создадено од енергија која вибрира со своја фреквенција. Она во што веруваме е дека ако потсвеста е наполнета со шеми кои вибрираат на одредена фреквенција и ако можете вие да ги создавате тие шеми, да ги „наполните“ со енергија која вибрира со некоја фреквенција, вие ќе можете да привлечете работи со слична природа. Па, ако влезете во потсвесното и ги повторувате позитивните зборови, јасната визуализација ќе внесе и чувства и ќе почне да вибрира со таа фреквенција. Тогаш ќе почне да привлекува работи со слична вибрација или слична фреквенција.“
rnТокму поради ова многу луѓе постојано привлекуваат исти луѓе или настани во нивниот живот. Енергијата е само енергија и не знае што е добро или лошо за вас. Поради ова, чувствата се најважни бидејќи преку нив ја привлекувате енергијата. Кога ќе знаете како функционира вашата потсвест и како да ја репрограмирате, можете да го привлечете она што го сакате во вашиот живот.