Книга која руши многу предрасуди и никого не остава рамнодушен
rn
По издавањето во 1999, „Шангај бејби“ е забранета поради отвореното, експлицитно излагање на еротиката во овој контроверзен роман, што само ги направи читателите гладни да ја прочитаат приказната, воедно зголемувајќи ја популарноста на писателката.rnrnПриказната на младата Коко е делумно автобиографска и го отсликува кинеското општество кон крајот на 20–тиот век. „Шангај бејби“ е нејзиниот прв роман а воедно доста провокативно и контроверзно дело што ја прави Хју дел од лидерите на новата генерација модернисти. Тоа е приказна за љубовта, телесна спроти духовна, за страста, неверството, дрогата и самозапознавањето.rnrn
rnrn
Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ
rnrn
rnrnКоко работи како келнерка во едно кафуле во Шангај каде го запознава Тјантјан. Љубовта меѓу нив расте, но останува делумно платонска поради импотенцијата на Тјантјан. Сепак, Коко останува со својот љубен, дури и ја напушта работата и почнува да живее со него, посветувајќи се на пишувањето на својот роман.rnrnСплетот на околности ја носи до Марк, оженет Германец кој службено е во Шангај. Марк не може да ѝ одолее на младата Коко и нејзиниот пикантен флерт и за брзо меѓу нив разгорува страсна афера.rnrnДелумно како модерната верзија на Леди Четерли, Коко е растргната меѓу платонската љубов кон Тјантјан кој себеси си наштетува со консумацијата на дроги, и силната еротска страст која ѝ ја нуди Марк и на која не може да остане рамнодушна. Знаејќи дека што и да одлучи нејзината одлука ќе распара многу срца, вклучувајќи го и нејзиното, Коко продолжува во меланхолично трагање по себеси, својата сексуалност, како и инспирација за нејзиното следно пишано дело.rnrn
rnrnЈавно и без влакна на јазикот Веј Хју ни подава како на чинија парче од својата душа. Преку една урбана приказна ни дава јасна слика за кинеското општество во крајот на 20-тиот век, за пороците, страстите и забранетите овошја кои секогаш се најслатки. Со по некоја мрачна, но и ведра страна извезува една приказна која е преконтроверзна за тогашното општество. Прашањето е дали денешното ќе може да ја „свари“?rnrnКнига која нема да ве остави рамнодушни. Ќе ве заинтригира пишувањето на авторката, нејзиното нескромно себељубие и реално раскажување. На моменти ќе ја сакате, на моменти ќе ве иритира, но секогаш ќе ве интригира за повеќе. Многу ми се допаднаа цитатите од големите имиња на почетоците на секоја глава и нејзината храброст да признае една толкава вистина за себеси кршејќи многу предрасуди наметнати од општеството. Искрено ја препорачувам. Едно вакво искуство со сигурност ќе ви годи.rnrn
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk
