КАФЕ ПАУЗА

Како изложеноста на врсничко насилство во детството влијае врз подоцнежниот развој?

Врсничкото насилство е многу честа појава во денешно време. Злоставувањето во училиштата се однесува на отфрлање од врсниците што се случува кога детето по нешто се разликува од другите, а се сведува на дофрлање и/или физичко насилство. Таквите деца имаат последици во возрасниот период, а со последици се соочуваат и децата што биле насилни. Кога детето е малтретирано или тоа малтретира важно е возрасните да интервенираат бидејќи децата не можат сами да му се спротивстават на насилството. Прочитајте какво влијание има тоа врз развојот.rnrnrn

Последици од врсничко насилство: Од анксиозност, преку зависност до самоповредување и самоубиство

rnПрвиот чекор е препознавање на насилството.rnrnПсихолозите велат дека најчести последици за децата жртви на насилство се нарушена слика за себе, недостаток на самодоверба и самопочит, чувство на беспомошност, интензивна лутина и тага, деструктивно и автодеструктивно однесување, односно самоповредување, суицидност, разновидни ризични однесувања, злоупотреба на психоактивни супстанци, анксиозност, депресија. Овие последици се посебно изразени ако врсничкото насилство трае подолго време и ако детето не добие помош од возрасните кои знаат за него. Тука родителите играат најголема улога заедно со експертите.rnrnДетето може долго време да се повлекува во себе, а потоа одеднаш да се самоубие или да им наштети на другите, а медиумите да ги преплавуваат насловните со „мирен и добар ученик кој полудел“, но тоа никогаш не се случува одеднаш, а голема е одговорноста на медиумите како известуваат во такви случаи, како етикетираат или не ги етикетираат децата (насилници, луди, монструми). Насилството не смее да се велича и насилните деца не се херои, ниту треба да служат како пример. Децата што се насилни и понатаму се деца, но клучна улога има превенцијата и раната интервенција. Тие коишто малтретираат воедно се и жртви. Ниедно дете на коешто му се задоволени емоционалните потреби не одлучува да биде насилно. Кога ќе се влезе подлабоко во поединечните приказни, јасно може да се види дека знаците постоеле уште претходно. На детето причинител на насилство може да му недостига љубов, внимание, може и самото да биде жртва или сведок на насилство во семејството или на друго место, но може да има и лошо развиени социјални вештини.rnrnОсвен санкции за насилно однесување, секогаш мора да се прашаме што стои во позадина на насилното однесување, која потреба на детето не му е задоволена, па со насилство се обидува да ја задоволи, односно на кои други начини истата може да се задоволи.rnrnНиедно дете не сака да биде етикетирано како „злобно“ дете и ако може да се здобие со љубов, внимание и одобрување на други начини, тоа ќе бира други начини.rnrnЗатворањето на очите пред насилството помеѓу децата е еднакво погубно и за жртвите, но и причинителите на насилство, но и за оние што набљудуваат отстрана коишто учат дека тоа е прифатливо, па дури и посакувано.rn

Како насилниците ги бираат своите жртви?

rnДецата жртви се поинакви по нешто, тие се повлечени, немаат изразена социјална моќ во општеството. Со тоа се ранливи на врсничко насилство, а често се и самите жртви, но тоа може да му се случи на секое дете.rnrnМногу е важно уште од рана доба да се разговара за насилството односно во случај на негова појава одма да се прекинат другите активности и да се посвети внимание на решавање на проблемот. Во случај на тешко насилство во училиштата, децата се тераат да се извинат, да се ракуваат, жртвите да се испрашуваат пред насилникот, се избегнува вклучување на родителите и/или социјална нега, што е површно и привидно решавање на проблемот. Во реалноста може само да се продлабочи бидејќи децата губат доверба во возрасните дека тие навистина ќе им помогнат.rnrnИстражувањата покажуваат дека се случува помалку од петтина од децата да побараат помош од наставниците и стручните работници во случај на насилство во училиштето, така што клучно е да се работи на засилување доверба, но и оправдување на стекнатата доверба.rnrnПрочитајте ја следнава колумна за коренот на врсничкото насилство.