Како ефикасно да се ослободите од овој летен бјути проблем кој го мразат сите жени?

Сподели

Плажа, море, базен, сол, сонце… Сето тоа е вистинско мачење за вашата кожа, па правилната хигиена и нега се исклучително важни во текот на овие летни месеци. Веруваме дека барем еднаш во животот сте се сретнале со овој проблем. Денес ви откриваме неколку корисни совети за решавање на еден од најголемите и најдосадните летни бјути проблеми – мозолчиња на задникот, кои се создаваат заради мртвите клетки на кожата и бактериите. Но, овој проблем не е само летен, а особено ги погодува жените кои редовно вежбаат, заради потењето и тесните хеланки кои ги носат додека се физички активни. Но, и оние жени кои не вежбаат не се поштедени од овој проблем. Во текот на летото тие полесно се забележуваат, па заради тоа и ви пречат. Ви откриваме неколку корисни совети како да се ослободите од нив.

Реклама

rn

1. Туширајте се со производи кои содржат бензоил-пероксид

rnОваа состојка обично се наоѓа во производите за масна кожа која е склона кон акни. Таа делува така што ги исушува масните клетки на кожата, па акните исчезнуваат.rn

2. Редовен пилинг

rnКога правите пилинг на целото тело немојте да го заборавате и ова подрачје. Така ќе ги отстраните мртвите клетки од кожата. Доволно е да правите пилинг два пати неделно.rn

3. Отворете ги порите со салицилна киселина

rnЗатворените пори на задникот најдобро ќе ги отворите со салицилна киселина, која се наоѓа во производите против акни, а што делува на кожата на лицето, ќе делува и на овој дел од телото. Доволно е да нанесете неколку пати неделно.

rn

4. Лосион со млечна киселина

rnПосле правилното чистење, многу е важно да ја хидратизирате кожата, но ова подрачје би било добро да го третирате со лосиони кои содржат млечна киселина кои нежно ќе ги отстранат мртвите клетки од кожата и ќе ја ослободат од акните, бидејќи класичните лосиони може да ги затворат порите, односно да направат поголема штета отколку корист.rn

5. Задолжително туширајте се после вежбањето

rnНикако не прескокнувајте го туширањето после тренингот, а би било посебно добро тоа да го направите веднаш штом завршите со вежбање. Одењето во испотени хеланки ќе направи уште поголема штета.

Доколку се борите со горештините, погледнете кои правила ќе ви помогнат полесно да ги преживеете претерано топлите летни денови.

Популарно

Може ќе ве интересира