КАФЕ ПАУЗА

Како една жена изгубила 27 кг со помош на уметноста?

Со помош на уметноста до намалување на телесната тежина

Дали забележувате дека барате утеха во храната? Дали сметате дека храната ќе ви помогне да ги потиснете несаканите чувства? Доколку одговорот на овие прашања ви е позитивен, тогаш оваа состојба има големи шанси да ви предизвика голем број здравствени проблеми како и проблеми со прекумерна телесна тежина.rnrnНамалете ја телесната тежина со помош на уметностаrnrnКатрина Лав Сен со години страдала од јадење заради утеха. Во еден момент одлучила да тргне по својот личен исцелувачки пат и го открила клучот за ослободување на себеси од таа состојба. Изгубила 27 кг во тој процес и успеала да ја задржи тежината 15 години оттогаш. Во продолжение ги споделува креативните методи кои можат и вам да ви помогнат со оваа нездрава навика – јадење за да се потисне чувството на депресија, разочараност и незадоволство.rnrnНаместо да ги потиснувате непријатните или болните чувства со помош на храната, вие можете да ги изразите со помош на креативноста. Погледнете ги наредниве 3 начини на кои можете да го сторите тоа…rn

1. Пишувајте за вашите чувства

rnПишувањето е прекрасна алатка која може да ви помогне да ги процесирате вашите секојдневни доживувања. Тоа може да ви помогне да ги изразите сите оние нешта кои инаку би ги потиснале. Токму затоа обидете се да одвојувате барем 15-тина минути на ден, кои ќе ги поминувате сами и во тишина. Пишувајте без цензура и дозволете си целосно да го искажете она што ви тежи на срцето.rn

2. Нацртајте ги вашите чувства

rnЗемете огромно парче хартија и разнобојни фломастери, пенкала или дрвени боички. На момент обидете се да не размислувате на ништо, опуштете се целосно и потоа почнете да цртате. Нацртајте го првото нешто што ќе ви падне на памет и не се грижете доколку тоа не изгледа добро. Целта на овие цртежи е да го исфрлите она што е во вас. Како што ќе цртате, така ќе почнете да чувствувате како тежината излегува од вашето тело преку вашите раце. Ќе почнете да се чувствувате многу полесно и размислувањето ќе ви стане многу појасно.rn

3. Опишете ги вашите чувства со музика

rnДоволни ви се само неколку часови со професионалец или кратки Јутјуб туторијали за да ги научите основите на еден инструмент. Токму затоа одберете го вашиот омилен музички инструмент, дозволете си неколку недели за да се навикнете на него и откако ќе ги совладате основите започнете да свирите. Не користете готова музика, креирајте ја вие самите. Едноставно започнете да свирите и дозволете ѝ на музиката да ве понесе.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.