Тајната на згодното тело се крие во истрајноста и дисциплината, па за да го постигнете ова потребна ви е вистинска мотивација и искрена желба да ослабете. Здравата исхрана и редовната физичка активност придонесуваат за подобар изглед и здравје, а ќе имате и повеќе енергија и самодоверба. Сè што треба е да бидете спремни за промени и искрено да сакате да си го подобрите квалитетот на живеење. За да си го олесните патот кон телото од соништата, треба да се придржувате кон следниве навики во исхраната.
rn
1. Не пијте пијалаци со шеќер
rnСлатките сокови само му штетат на вашиот организам и многу придонесуваат за дебелеењето, па затоа обидете се постепено да ги исфрлате од исхраната.rn
2. Избегнувајте сосови
rnИако се многу вкусни и одат во комбинација со голем број грицки и секаков вид храна, сепак содржат огромен број калории.rn
3. Јадете барем 25 грама влакна дневно
rnГравот, продуктите со интегрални житарки, овошјето и зеленчукот, се одлични намирници кои можат да ви ја овозможат потребната дневна доза на влакна, за да бидете сити, да ви се подобри варењето и стомакот да ви биде рамен. Со овие продукти многу лесно ќе симнете неколку килограми, а потоа ќе можете и да ја одржите тежината.rn
4. Подготвувајте ја вашата храна сами
rnНа овој начин вие ќе ги контролирате употребените состојки и големината на порциите.rn
5. Одбегнувајте ги овие три нарушувачи на секоја диета
rnНапад на глад – прво и осново никогаш не си дозволувајте себеси да бидете прегладнети.
Специјални прилики – кога имате прилика да прославите нешто, прославете го, но со умерена доза на храна и пијалак.
Враќање на килограмите – доколку престанете редовно да пазите на исхраната и со вежбањето, сосема нормално е дека ќе вратите неколку од изгубените килограми, но не треба да дозволите ова да ве демотивира.rn
6. Калоричната храна држете ја подалеку од вас
rnНајдобар начин да ги одбегнете високо калоричните продукти е воопшто да не ги имате дома, бидејќи на тој начин најлесно ќе им одолеете.rn
7. Забавете и обрнете внимание
rnПред да се нафрлите на храната, најпрво оддалечете се од масата и почекајте барем 15 минути за реално да согледате дали сте навистина гладни или не.
Кога ќе седнете на маса јадете бавно и не дозволувајте компјутерот, телевизорот или весникот да ви го одвлекува вниманието. Така целосно ќе бидете свесни за секој залак.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

