КАФЕ ПАУЗА

Како да си ги вратите назад книгите што сте ги позајмиле некому?

Како да си ги вратите назад книгите што сте ги позајмиле некому?

Written by

in

,

Љубителите на книги се особено горди на нивната богата библиотека и книгите секогаш ги чуваат со голема грижа и внимание. Позајмувањето книги на други луѓе за нив претставува голем ризик бидејќи тие ги добиваат назад извиткани, со траги од кафе и други нечистотии или пак не ги добиваат воопшто. Секоја чест на исклучоците, но ова навистина многу често се случува. Токму затоа тие одбегнуваат да ги позајмуваат нивните омилени книги, па дури и на блиски пријатели.rnrnНо, не можете да решите дека никогаш веќе нема да позајмите книга, бидејќи кога ќе прочитате нешто добро, сакате да го споделите тоа и со останатите. Освен тоа, не би сакале да оставите впечаток на себични луѓе. Колку и да ве ужасуваат зборовите „Може ли да ми ја позајмиш таа книга?“, постои начин како да си ја олесните ситуацијата. Прочитајте ги следниве неколку совети за тоа како треба да ги позајмувате вашите книги…rnrnКако да си ги вратите назад книгите што сте ги позајмиле некому?rn

Водете евиденција

rnКупете си бележник или обична тетратка и веднаш штом позајмите книга некому, запишете го неговото име, датата на позајмување и името на книгата што сте ја позајмиле. Договорете се до кога би требало книгата да биде прочитана и забележете го и тој датум. На тој начин, вашите пријатели ќе видат дека многу сериозно го сфаќате позајмувањето книги и ќе им биде непријатно да не ви ја вратат на време.rn

Заштитете ги книгите

rnСе сеќавате ли на оние заштитни хартии за книги кои наставниците ве тераа да ги купувате и да ги виткате учебниците со нив? Истото можете да го примените и сега на вашите книги пред да ги позајмите. Така ќе бидете сигурни дека нема да ви ја вратат книгата со извалкани корици.rn

Позајмете и бележник за книги

rnЉубителите на книги најмногу се вознемируваат кога ќе забележат дека некој ги превиткувал страниците на книгата за да обележи до каде стигнал со читање. За да го одбегнете овој хорор, секогаш кога ќе позајмите некоја книга, ставете и бележник во неа. Тоа ќе ги потсети вашите пријатели дека не треба да ги виткаат страниците.rnrnКако да си ги вратите назад книгите што сте ги позајмиле некому?rn

Залепете потсетник на последната страница

rnШтом ќе стигнат до последната страница, вашите пријатели ќе го видат залепениот потсетник. Постои можноста за момент да ја остават книгата сред читање и засекогаш да заборават на неа, но тоа е најлошото можно сценарио. Веројатноста е дека ќе ја прочитаат и ќе се соочат со огромниот стикер што ќе ги потсети дека треба да ви ја вратат книгата најбрзо што можат.rn

Земете и вие една од нивните книги како заложник

rnДоколку некој од вашите пријатели сака да позајми книга од вас, инсистирајте да направите размена на книги. На тој начин, не само што ќе си добиете нова книга за читање, туку и ќе добиете можност да се „ценкате“ за да си ја вратите книгата назад, жива и здрава.rn

Фотографирајте ги со книгата

rnНајлесен начин да водите сметка за тоа кој позајмил книга од вас е да направите фотографија од позајмувачот со вашата книга во раце. Никако не бришете ја фотографијата додека книгата не се врати на вашите полици. Така, тие нема да можат да негираат дека позајмиле книга од вас, бидејќи ќе имате доказ.