КАФЕ ПАУЗА

Како да се ослободите од постојаното чувство на нервоза?

Written by

in

,

Постојат многу моменти во нашиот живот кога го имаме тоа непријатно нервозно чувство во нашиот стомак. Еден вид анксиозност која се појавува во моментите пред интервју за работа или пак, пред испит. Токму ова чувство е тоа што ви помага да останете енергични и фокусирани, резултирајќи со позитивен исход.rnrnКако да се ослободите од постојаното чувство на нервоза?rnrnСосема е во ред понекогаш да чувствувате нервоза, бидејќи во одредени ситуации, како погоре наведените, таа може да биде од корист. Но, хроничната анксиозност може да биде толку силна што едноставно ја презема контролата врз животот на оние кои страдаат од неа. Доколку ги имате следниве симптоми, тогаш и вие сте едни од оние кои имаат проблем со нервозата:rn

    rn011

  • Потешкотии sо спиењето
  • rn011

  • Чувство на гадење
  • rn011

  • Забрзано чукање на срцето
  • rn011

  • Неспособност да се фокусирате
  • rn011

  • Непријатно чувство
  • rn011

  • Плачливо расположение
  • rn011

  • Лесно се иритирате
  • rn011

  • Губење апетит
  • rn

rnПа, како да ја намалите нервозата која ги предизвикува овие симптоми? И покрај тоа што секој си има свои сопствени и уникатни начини да се справи со ова непријатно чувство, сепак понекогаш тоа може да избега од контрола. За да спречите тоа да се случи, погледнете ги следниве неколку начини на кои можете да се заштитите:rn

Излезете и вежбајте

rnФизичката активност испушта ендорфини во вашето тело, па без разлика дали слушате музика додека трчате, кревате тегови или одите на аеробик, тоа е одлично време да ги средите малку вашите мисли и да откриете од каде доаѓа ова непријатно чувство.rn

Почнете со јога или медитација

rnИсто како и со физичката активност, така и овие две нешта можат многу да ви помогнат при поврзувањето на вашето тело со вашиот ум. Јогата и медитацијата се едни од најефективните начини да го исчистите вашиот ум и да си ги организирате мислите.rn

Направете свесен труд да си го одвлечете вниманието

rnДајте си себеси нешто да правите. На тој начин ќе имате помалку време да се грижите. Во денешно време постојат многу нешта кои можете да ги правите така што истовремено ќе ви биде и забавно, но и малку ќе го ослободите вашиот ум од грижите за секојдневните проблеми.rn

Запишете си ги мислите

rnМногу често ги заклучуваме нашите мисли длабоко во нас. Понекогаш тие се толку скриени што дури ни ние не можеме да им пристапиме. Но, со пишувањето вие лесно можете да стигнете до нив, како и да најдете решенија кои би ви помогнале да ја решите загатката.rn

Побарајте помош

rnПонекогаш најдоброто нешто што можете да го направите за себе е доколку побарате помош. Уште подобро ако таа е од професионален психотерапевт. Нема потреба да се срамите или да се плашите, бидејќи терапевтите се тука исклучиво за да го подобрат вашето ментално здравје.