Секоја жена, додека ја избира дневната комбинација која планира да ја носи, во истиот тој момент веќе има замислено кој модел и боја на чевли ќе ги искомбинира со неа. Но, многумина жени во овие прилики ги избираат веќе проверените варијанти, па се одлучуваат за чевли во црна, тегет и кафеава боја. Тие не размислуваат многу за преземање моден ризик, токму поради стравот да не погрешат. Затоа погледнете која боја на чевли најдобро ќе одговара на вашата дневна комбинација, за ќе ги избегнете дилемите во иднина.rnrn
rn
Црвени чевли
rnЦрвените чевли претставуваат одличен избор ако сакате вашата дневна комбинација да ја направите впечатлива. Вклопете ги во дневни комбинации на розова, портокалова, црна или бела боја, но и ако се одлучите да ги вклопите со тегет или неутрални бои, дефинитивно нема да погрешите.rnrn
rn
Зелени чевли
rnДоколку се одлучите да носите чевли во зелена боја, ќе забележите дека тие, потполно неочекувано, претставуваат голем стилски избор за секоја дама. Најдобро е да ги носите со комбинации во кафеава, црна, сина или жолта боја, но и со дневни комбинации во неутрални бои.rnrn
rn
Сини чевли
rnЗалепени фармерки во светла боја и чевли во темна сина боја може да изгледаат феноменално кога ќе се вклопат заедно. Меѓутоа, покрај со овие светли нијанси на сино, овие чевли може да ги комбинирате и со жолта, кафеава или бела боја, како и со неутрални дневни комбинации.rnrn
rn
Жолти чевли
rnИако жолтата и виолетовата боја се комплементарни бои, оваа комбинација во некои ситуации може да биде неславен избор. Затоа подобро би било, ако посакате да носите жолти чевли, да ги комбинирате со дневни комбинации во различни нијанси на сина боја, но и со црно-бели и зелени комбинации.rnrn
rn
Портокалови чевли
rnДоколку се одлучите за портокалови чевли, тогаш избегнувајте ја гардеробата во зелена и виолетова боја, бидејќи тие ќе стојат многу подобро во дневни комбинации во сина, бела, црвена и жолта боја, како и во комбинации со земјени тонови.rnrn
rn
Металик чевли
rnАко се одлучите за чевли во сребрена боја, тогаш одлучете се за дневни комбинации во бела, црвена, виолетова и црна боја, како и во неутрални тонови. Златните чевли пак, може да ги прилагодите во комбинации во црна, црвена, бела, кралско сина и темноцрвена боја.rnrn
rn
Виолетови чевли
rnВиолетовите чевли одлично стојат на дневни комбинации во неутрални бои, но и на тегет, розова и зелена боја.rnrn
