Ако готвите голема е веројатноста да користите маслиново масло. Освен што има феноменален вкус, тоа е многу здраво. Но, дали знаевте дека постои „лажно“ маслиново масло? Маслиновото масло е одлично за сè – готвење и прелив за салати, а се користи и во домашните рецепти за убавина. Ако не се разбирате многу во препознавање на вистинското од лажното, и ако немате пријатели кои се занимаваат со одгледување маслинки и преработка на масло – осудени сте да купувате во продавници и маркети. Во Европската Унија се произведуваат 70% од маслиново масло во светот, а поради големата конкуренција се прават различни измами – се меша маслиновото масло со други билни масла или намерно погрешно се означува квалитетот или видот.rnrn
rn
Што треба да направите?
rnАко купувате странско маслиново масло прво треба да го проверите датумот на шишето бидејќи угледните брендови означуваат на шишето кога се собрани маслинките. Целта е да биде понов датум на бербата, а ако не можете да видите никаков показател за берба на маслинките ставен на шишето тогаш треба да размислите дали да го купите тоа. Исто така, се препорачува да го побарате името на одгледувачот на маслинки. Ако марката има назив со името на етикетата тоа е добар знак.rnrn
rn
Дали има печат?
rnАко досега со тоа потенцијално шише сè е во ред, погледнете дали има печат од трета страна како што се на пример заштитни ознаки од ЕУ (или можеби други земји кои не се дел од ЕУ, како Австралија и Чиле кои не се добри земји кога ќе се помисли за сјајно маслиново масло бидејќи двете се прилично строги во поглед на производството). Ова би требало да ве осигури дека маслиновото масло задоволува одредени стандарди. Што се однесува до изборот со висока цена или подобра етикета – тоа не е гаранција дека тој производ треба да се купи.rnrn
rnrnЧитајте го внимателно составот и уверете се дека не содржи некои додатоци кои не се пожелни. Со малку труд можете да го одберете вистинското маслиново масло кога следен пат ќе одите да го купите.rnrnДознајте кои се придобивките од секојдневното пиење маслиново масло.