Сите ние сме родени со уникатен карактер и поради тоа живееме со различни типови луѓе. Едни од нив се поединците кои имаат природна исцелувачка енергија. Сите ние имаме потенцијал да правиме добри дела во светот, но луѓето со исцелувачки моќи се посебни. Тие се родени со посебна светлина што блеска околу нив и ги уверува останатите дека можат да им веруваат. Доколку сметате дека имате исцелувачки моќи, искористете ја вашата дарба за да го направите светот подобро место за живеење. Ова се 18-те знаци дека сте едни од луѓето кои зрачат со природна исцелувачка енергија…rnrn
rn
1. Луѓето ви кажуваат дека се чувствуваат смирено покрај вас
rnСекогаш им помагате на луѓето да се смират. Кога вашите пријатели имаат лош ден, вие успевате да им го подобрите расположението. Можете да го сторите тоа и без да кажете или направите ништо конкретно.rn
2. Знаете како да ги насмеете луѓето
rnКога ќе забележите дека некој е лошо расположен, вие сте подготвени да направите сѐ за да го смените тоа и да го насмеете. Не сакате да ги гледате луѓето тажни и тие веднаш се чувствуваат подобро кога се во ваше присуство.rn
3. Секогаш мислите на другите луѓе
rnПоминувате многу време мислејќи на другите луѓе. Поради тоа, честопати си го жртвувате вашето сопствено здравје и среќа, што може да прерасне во проблем.rn
4. Луѓето ве бараат за да им дадете совет
rnКога луѓето имаат проблем, вие сте првиот човек кому му се јавуваат за совет. Вие им ги давате одговорите што им треба да ги чујат, без разлика дали сакале да го кажете тоа или не. Вие секогаш ги давате вистинските совети.rn
5. Вие сте брутално искрени
rnВие отворено им кажувате на луѓето како стојат работите. Не ги ублажувате нештата и секогаш сте директни. Ова е многу важен елемент од вашата личност.rn
6. Сакате да им помагате на животните
rnВие сакате да ги спасувате животните, бидејќи се чувствувате поврзани со нив на многу длабоко ниво. Тие ја покажуваат невиноста што сакате да ја зачувате кај себе.rn
7. Најверојатно страдате од анксиозност
rnВие сте жртва на анксиозноста поради тоа што сте толку несебични. Постојано се грижите за нешто, а тоа може многу да фрустрира. Запомнете дека не мора да имате променливо расположение за да поседувате исцелувачки моќи.rn
8. Непознати луѓе ви ги доверуваат нивните проблеми
rnТолку е лесно да се разговара со вас што дури и луѓе кои не ги познавате ви се отвораат и ви ги откриваат нивните најскриени тајни, само затоа што се чувствуваат пријатно во ваше друштво.rn
9. Сакате да им помагате на луѓето
rnСакате да работите во област што ќе ви овозможи да им помагате на другите. Тоа е вашата вистинска страст. Вашата животна цел е да му помогнете на светот.rnrn
rn
10. Многу сте поврзани со природата
rnСакате да поминувате време надвор и обожувате да одите боси. Кога сте сами во природа, чувствувате дека сте поблиску до вашето вистинско „јас“. Тоа чувство ви носи мир и спокој.rn
11. Чувствителни сте кога добивате критики
rnНавистина се растажувате кога луѓето ве критикуваат од злоба. Иако понекогаш многу лично ги сфаќате критиките, некои луѓе многу ви љубоморат поради тоа што сите ве сакаат.rn
12. Имате многу пријатели
rnЛуѓето просто ве обожуваат. Вие сте љубезни и секогаш сте подготвени да помогнете. Кој не би сакал пријател кој толку многу се грижи за другите?!rn
13. Многу сте зрели за ваши години
rnВие сте на повисоко интелектуално ниво од вашите врсници. Поради тоа, понекогаш чувствувате дека другите не ве разбираат, но тоа не е толку страшно. Опкружени сте со пријатели кои знаат дека имате стара душа.rn
14. Често ви се јавуваат пеперутки во стомакот
rnОва може да се случува поради вашата анксиозност, но и поради вашата интуиција. Кога ќе ви се појават овие пеперутки во стомакот, точно знаете што ќе се случи.rn
15. Имате поголема интуиција од останатите
rnВие си го слушате срцето кога ви зборува. Иако повеќето луѓе би ја игнорирале, вие знаете дека интуицијата секогаш ви праќа моќна порака. Ова ве спасило од голем број ужасни ситуации.rn
16. Ве интересираат работи како што се акупунктура, лечење со енергија и слично
rnВе фасцинираат ваквите работи. Верувате во нивните исцелувачки моќи и би сакале да станете дел од тој свет. Само напред!rn
17. Честопати ви поминуваат ненадејни морници низ телото
rnОва се случува затоа што вашата исцелувачка енергија е многу силна. Таа енергија се насобира и можете да ја почувствувате одвреме-навреме доколку не ја користите. Кога ќе забележите дека ви се случува ова, најдобро е да медитирате.rn
18. Се грижите за вашето семејство
rnОва ви доаѓа толку природно, што секогаш проверувате два пати дали членовите од вашето семејство имаат сѐ што им треба. Ги чувствувате многу блиски и имате потреба да ги заштитите и излечите на многу подлабоко ниво.rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте нешто повеќе за дланките и нивната моќ на исцелување.