Изгледот понекогаш знае да излаже. Дури и најубавите летни сандали може да ви предизвикаат најболни плускавци само по неколку часа носење. И најниските штикли може да направат да кривите од болка. Овие неколку трикови ќе ви помогнат веднаш да ги препознаете удобните чевли кои со сигурност нема да ве разочараат подоцна…rnrn
rn
Барајте чевли со дебела штикла
rnКолку што е подебела штиклата толку подобро ќе биде распределен притисокот на вашите стапала и ќе се чувствувате постабилно.rn
Обидете се да најдете чевли со пошироки ремчиња
rnТие буквално ќе ги залепат вашите стапала во чевлите и ќе имате поголема стабилност додека одите или танцувате. Уште подобро е ако чевлите имаат ремче кај глуждот.rn
Одберете чевли со мек ѓон
rnКога станува збор за високи потпетици, мекиот ѓон го намалува притисокот што инаку би го чувствувале на предниот дел од стапалото. Што се однесува до ниските чевли, мекиот ѓон ја дава потребната стабилност и удобност на табаните.rn
Секогаш одбирајте природни материјали
rnАнтилоп кожата и обичната кожа ќе се обликува според формата на вашето стапало, што ќе ги намали шансите тоа да се лизга или да излегува од чевелот. Синтетичките материјали, од друга страна, пак, не се воопшто флексибилни и ги предизвикуваат најболните плускавци.rn
Проверете ја стабилноста
rnСтавете го чевелот на рамна површина и нежно турнете го со прстот. Ако се заклати или падне, тоа значи дека веројатно не е доволно цврст за да ви ја даде потребната рамнотежа.