КАФЕ ПАУЗА

16 инспиративни совети што една Русинка ги научила за време на своето патување во Индија

16 инспиративни совети што една Русинка ги научила за време на своето патување во Индија

Written by

in

,

Ана Шахназарова патувала низ Индија цели 3 месеци. Кога се вратила, воодушевена од сè што научила за време на своето инспиративно патување, одлучила да ги сподели овие 16 неверојатни совети.rnrn16 инспиративни совети што една Русинка ги научила за време на своето патување во Индијаrn

1. Секогаш бидете во сегашниот момент, никаде на друго место

rnСекогаш бидете таму каде што ви е убаво, но не брзајте никаде. Ако мислите дека треба да бидете на друго место, одете таму каде што ве води вашиот внатрешен глас.rnrnНо, не заборавајте, не секогаш треба да одите некаде за да пронајдете нешто. Поентата е секогаш да бидете присутни.rn

2. Дозволете сè да биде како што е

rnНе обидувајте се да ги контролирате другите луѓе и настани. Не планирајте и не очекувајте, туку посакувајте и опуштете се.rnrnНаучете да застанете, да се одморите и да направите пауза во којашто ништо не се случува.rnrnНемојте секогаш да бидете трагач, дозволете им на настаните и на луѓето сами да се појават во вашиот живот. Овие работи не се појавуваат без причина.rn

3. Споделете ја слободата

rnДајте си слобода да бидете такви какви што сте и дајте им слобода на другите да бидат такви какви што се, дури и ако се поразлични од вас. Запомнете дека секој оди по својот пат и секој треба да ги научи своите лекции. Ако вашите патишта се вкрстуваат, тоа е во ред, но ако се разминуваат и тоа е во ред, затоа што сè што се случува носи корист за вас, за нив и за сите останати.rn

4. Не плашете се

rnНе плашете се никогаш и од ништо. Променете го начинот на кој ги правите секојдневните работи. Ако мислите дека треба да кажете или да направите нешто, сторете го тоа и игнорирајте ги формалните пречки како што се „ јас веќе имам повратен билет“, „ немам пари за тоа“ или „нема да успеам“.rn

5. Помалку е повеќе

rnНе обидувајте се да имате сè одеднаш. Секогаш ќе имате сè што ви треба, а кога нешто недостасува, тоа ќе ви дојде од страна на вашите сестра, брат, пријатели или случаен странец. Бидете умерени во сè.rn

6. Немојте да се приврзувате за луѓето

rnВо спротивно, нема да го добиете искуството што е наменето за вас. Никогаш нема да останете сами затоа што каде и да одите ќе најдете луѓе кои се свои, кои ќе ве воодушеват, ќе ве инспирираат и ќе ве исполнуваат. Кога вашите патишта се разминуваат, колку и да трчате по некоја личност, нема да останете заедно, а од своите личности колку и да бегате, нема да можете да побегнете.rn

7. Ослободете

rnОслободете со насмевка и со љубов. Ослободете ги сите и од сè. Но, никогаш не сметајте го тоа за збогување затоа што ништо не е конечно. Секогаш велете „благодарам и се гледаме“.rnrnНе можете да изгубите нешто што го немате и не можете да добиете нешто што веќе е ваше.rn

8. Бидете како водата

rnЗапомнете го принципот на морскиот бран: доаѓа и си оди. И тој принцип важи за сè: за состојби, за чувства, за предмети и за луѓе. Ништо не е статично и живееме во свет на движење. Поради тоа, не задржувајте се во една состојба затоа што и таа ќе се промени. Не постои нешто што можете да го задржите и затоа не трудете се да го сторите тоа, но бидете благодарни за моментите додека трае.rn

9. Слушајте го вашиот внатрешен глас

rnСлушајте ги советите на другите, но постапувајте како што ви кажуваат вашите чувства. Да се однесував на моето патување како што ми кажуваа другите, никогаш немаше да отидам во Варанаси и никогаш немаше да го пронајдам градот на моите соништа. Ако ги слушав другите, сè уште ќе се плашев од сè и ќе живеев во окови. Секогаш слушајте се себеси.rn

10. Имајте доверба

rnВерувајте во луѓето, во вселената, во Бог. Верувајте дека сè што се случува во вашиот живот се случува за ваше добро, дури и во најтешките времиња.rn

11. Посветете си неколку минути дневно само за себе

rnПравете што сакате: медитирајте, цртајте, пишувајте, одете на прошетка или едноставно уживајте во тишината. Дури и неколку минути ќе ви бидат доволно за да видите што ви треба и што е предизвикано од умот, од другите луѓе или од илузиите.rn

12. Сакајте се

rnПочитувајте ги вашите желби, соништа, тело. И знајте дека можете да имате сè затоа што сè е можно.rn

13. Споделувајте

rnСподелувајте го тоа што го имате со пријатели, со бездомници, со кучиња и никогаш не очекувајте ништо за возврат. Ако се храните само себеси, не правите нешто многу корисно.rn

14. Имајте желби

rnНо, бидете внимателни што посакувате затоа што тоа ќе се оствари. Бидете максимално прецизни при формулирањето на вашите желби.rn

15. За да можете да облечете нова кошула, прво мора да ја соблечете старата

rnБуквално и метафорично.rn

16. Патувајте

rnИ тоа најдобро е да патувате сами. Затоа што каде и да одите, сите се секогаш со вас.rnrnПрочитајте ги и овие прекрасни совети од принцезата Дијана кои се полни со мудрости за животот.