КАФЕ ПАУЗА

10 одлични совети од луѓето кои знаат да заштедат пари

Written by

in

,

На листата со најтешките работи кои некогаш ќе ги направите сигурно е штедењето пари. Тој чин бара многу дисциплина, но и доследност, бидејќи е многу едноставно да избегате од патот и да ги потрошите заштедените пари, можеби дури и за само еден шопинг. Сепак постојат луѓе на кои штедењето природно им доаѓа, па погледнете ги нивните навики кои со сигурност ќе ви помогнат и вие да заштедите некој денар…rnrn1-10-dobri-naviki-od-lugjeto-koi-znaat-da-zashtedat-pari-www.kafepauza.mk_rn

1. Направете список пред да отидете во маркет

rnМногу е лесно да заминете во маркет и во корпата за пазарење да ставите производи кои ви се допаѓаат, иако реално воопшто не ви се потребни. Затоа, купувањето извршувајте го промислено и со однапред подготвен план. Така ќе бидете сигурни дека сите производи ќе бидат паметно искористени. И никогаш не заборавајте – пазарете сити, а не гладни.rn

2. Прошетајте или користете јавен превоз

rnНе мора за секое движење низ градот да викате такси или да го возите својот автомобил. Гледајте на своите излегувања како на нешто многу позитивно и кажете си на себе дека вашето одредиште е доволно блиску и дека нема голема оддалеченост од точката А до точката Б. Прошетајте или користете градски превоз. rn

3. Гответе дома

rnРазмислете за својата идна недела и обидете се да организирате и однапред да подготвите оброци кои потоа ќе ги носите со себе на работа. Овој совет ќе ви помогне да заштедите и ќе ве спречи да купувате дополнителни производи. Ви ветуваме дека ќе забележите разлика во вашиот паричник и тоа по само една недела откако ќе носите свои оброци на работа.rnrn2-10-dobri-naviki-od-lugjeto-koi-znaat-da-zashtedat-pari-www.kafepauza.mk_rn

4. Предложете алтернативни активности

rnДа бидете социјално активен член на заедницата може да биде многу скапо. Но, за да заштедите, не морате целосно да се изолирате од надворешниот свет. Едноставно, наместо вечера во скап ресторан, повикајте ги пријателите на вечера во вашиот дом или наместо одење во кино, организирајте филмска вечер во топлината на вашиот дом. Бидете креативни!rn

5. Отстранете се од искушенијата

rnАко знаете дека немате доволно самоконтрола за да се воздржите од купување во омилените продавници, ограничете го гледањето на производите во омилените продавници, но и во оние виртуелните. Во слободно време не шетајте во продавниците и омилените места кои само ви ги „земаат“ парите, туку одлучете се за некои поевтини алтернативи.rn

6. Откажете се од непотребните претплати

rnПрегледајте ги вашите сметки за да ги утврдите месечните плаќања. Најдете поволни решенија. Преговарајте со поевтини оператори, држете се до своите месечни рамки и откажете ја членарината за картичките или услугите кои ретко ги користите.rn

7. Поставете систем за награда и казна

rnПрифатете дека сте на лекување и дека сѐ што правите, го правите бидејќи долгорочно ќе ви биде многу подобро и полесно да издржите во сопствената кожа. Придржувајте се до планираната сума во текот на месецот. Ако случајно погрешите, бидете одговорни и вратете се на вистинскиот пат. Ако не се придржувате до правилата, натерајте се да ставите поголема сума пари настрана и на тој начин ќе се казните за наредниот пат на време да размислите што ќе направите.rnrn3-10-dobri-naviki-od-lugjeto-koi-znaat-da-zashtedat-pari-www.kafepauza.mk_rn

8. „Направи сам“ проекти

rnКолку што е можно и сѐ што е можно, направете или изработете сами. Подгответе кафе дома наместо да купите од блиската кафетерија. Станете лукави и со подароците. Дознајте што им е потребно на вашите пријатели и направете им сами мали изненадувања.rn

9. Имајте соучесник

rnЗамолете некој од вашите пријатели, кој исто така сака да заштеди пари, да ви се придружи во вашите финансиски патувања. Така секојдневно ќе имате некој што ќе ве охрабрува да штедите, а и вие ќе се потсетувате зошто го правите истото додека му зборувате нему за придобивките.rn

10. Секогаш прашувајте се: „Дали тоа ми е навистина потребно?“

rnСекогаш поставувајте си го ова прашање пред да купите нешто. Продавницата е едно од нашите омилени места, но и место каде што ќе купите многу повеќе од она што ви е потребно, па не дозволувајте да бидете „маѓепсани“ од самите производи и купувајте го само она што навистина ви треба и ќе го користите.