Сигурно сте слушнале милион пати досега дека довербата е основа на секоја здрава и успешна љубовна врска. Меѓутоа, кога еден од партнерите ќе почне да лаже, работите можат да тргнат наопаку. Доколку успеете на време да препознаете дека партнерот не е искрен, побрзо ќе можете да го решите проблемот, ќе можете да размислите дали би можеле да му простите или, пак, да ја прекинете врската. Постојаниот сомнеж ќе ви ја намали самодовербата и ќе ви предизвика стрес. Доколку се сомневате дека вашиот партнер не е искрен со вас, обрнете внимание на следниве неколку знаци благодарение на кои ќе можете веднаш да препознаете дали тој ве лаже…rnrn
rn
Внимавајте на деловите од приказната кои не се поклопуваат
rnЛажговците честопати имаат многу недоследности во приказните. Доколку забележите дека тој постојано ги менува фактите и секогаш дава различни информации околу тоа каде е, што сака да прави или кои му се најдобри пријатели, би требало да бидете внимателни.rn
Слушајте ја вашата интуиција
rnНа сите ни работи интуицијата. Но, понекогаш тешко е да се направи разлика меѓу интуицијата и паранојата. Мора да бидете на чисто со вашите сопствени проблеми. Дали обично им верувате на луѓето или досега сте се сомневале во сите ваши партнери без рационална причина? Доколку генерално имате доверба во луѓето, внимавајте во случај да почувствувате дека нешто не е како што треба.rn
Тој одбегнува да се гледа со вас за време на викендите
rnПонекогаш во врските нормално е ако партнерот доаѓа доцна дома од работа, но ако тој одбива да ве види за време на викендот, можно е да ве лаже за тоа каде се наоѓа и со кого го поминува слободното време. Разбирливо е да не се гледате премногу често ако тој е зафатен, но тогаш кога е слободен гледањето со вас би требало да му биде приоритет.rn
Внимавајте на чудниот говор на тело
rnДали тој станува напнат кога му поставувате прашања? Според некои истражувања доколку тој си го допира носот додека ви одговара, не може да седи мирен со рацете и има проблеми со координацијата, веројатноста е дека лаже. Обрнете внимание дали тоа се случува додека ви опишува некој неодамнешен настан.rn
Дава премалку или премногу детали
rnДоколку неговите приказни содржат премалку или премногу детали, тоа може да биде знак на лажење. Премалку детали значи дека тој крие нешто од вас и не може да зборува слободно, а премногу детали значи дека тој е нервозен бидејќи се чувствува неспособен да ви раскаже целосно веродостојна приказна.rn
Зазема одбранбен став
rnДоколку вашиот партнер почне да се брани кога му поставувате прашања и ви вели нешто како „Зошто ме испрашуваш?“ или „Зошто не ми веруваш?“, тоа е знак дека тој се плаши да не биде откриен и не реагира соодветно на вашиот обид за зрела комуникација. Ако се соочите со ваква одбранбена реакција, добро е да бидете внимателни.rnrn
rn
Обрнете внимание на контактот со очи
rnКога вашиот партнер го трга погледот, погледнува надолу или одеднаш почнува да се движи, тоа е знак дека се обидува да сокрие нешто. Доколку забележите дека тој не може да го одржи контактот со очи, постои веројатност дека ве лаже.rn
Внимавајте на брзината на неговото зборување
rnПартнерот кој лаже постојано ја менува брзината на говорот. Тој почнува да зборува бавно, но во моментот кога треба да каже лага, говорот се забрзува и тој се обидува да ги изговори зборовите што е можно побрзо.rn
Одбегнува да разговара и неговите одговори се двосмислени
rnДоколку вашиот партнер лаже, тој ќе се обиде да поминува што е можно помалку време во ваша близина за да ги одбегне можните прашања. Во случај на конфронтација, неговите одговори ќе бидат нејасни и постојани ќе ви вели „Не знам“ или ќе ви одговара со по еден збор за да не се продолжи разговорот.rn
Внимавајте на несоодветните гестови и емоции
rnНесоодветните гестови и емоционални реакции може да бидат знак дека вашиот партнер ве лаже. На пример, доколку тој удри по масата без лут израз на лицето и гневен тон на гласот, тоа може да делува чудно. Ваквите противречности се показател на неискреност.rn
Тој покажува задоволство
rnДоколку вашиот партнер скришум се насмевне или добие задоволен израз на лицето поради тоа што успеал да излаже без да биде забележан, тоа е знак дека неговата приказна содржи лажни детали. Внимавајте на благите искривувања на неговите усни или гестови кои покажуваат задоволство за да препознаете дали си имате работа со лажго.rnrnАко забележите дека постепено се оддалечувате од вашиот партнер, тоа може да е последица на неискреноста во врската. Постојаното лажење ја нарушува интимноста и довербата и значително влијае на општата благосостојба и среќа. Доколку забележите дека тоа се случува во вашата врска, треба на време да разговарате за проблемот и да најдете соодветно решение.