КАФЕ ПАУЗА

ТВ серија: Зора (Daybreak)

Деца се обидуваат да преживеат во постапокалиптичен свет така што формираат племиња

rn[column col=”1/2″][/column]rn[column col=”1/2″]rnrnГлавни улоги: Колин Форд, Аливија Алин Линд, Софи СимнетrnrnЖанр: акција, авантура, комедијаrnrnПремиера: 24 октомври 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn[/column]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=2P9U41e75tE&t=rnrnСте размислувале ли некогаш каков би бил светот без возрасни? Оваа ТВ серија може да ви даде една варијанта од одговорот! Дејството нè води во постапокалиптичен свет каде што поголемиот дел од човештвото или изумрело или се претворило во еден вид крвожедни зомбиња откако биле детонирани билошко-хемиски бомби на планетата. Останале само дел од децата кои мора да изградат сосема ново општество за да преживеат во новиот свет.rnrn rnrnОбидувајќи се да најдат нов начин на живеење, децата формирале племиња. Сите оние што имале нешто заедничко се групирале и си создале нови правила за живеење, чувајќи ја својата територија и војувајќи со ривалските племиња додека истовремено и се борат против неживите. Племињата се состојат од спортистите, фармерите, интелигентните… И сите тие на некој начин придонесуваат во новиот екосистем.rnrn rnrnАко сте расположени за постапокалиптична зомби комедија, тогаш оваа ТВ серија е одлична за вас! Особено ако ги сакате приказните со младите возрасни. Зора изобилува со хумор, акција, пријателство и романса, и малку одвратни и крвави сцени, убаво спакувани во добра приказна што без сомнение ќе ве наполни со позитивна енергија.rnrn