Јохан Лолос е веб дизајнер, блогер и фотограф од Белгија кој пред 16 месеци тргнал да патува по светот и сè уште не се вратил дома. Откако поминал една година во Австралија, тргнал во обиколка на Нов Зеланд. Заедно со уште тројца пријатели изнајмиле комбе за кампување и делејќи ги трошоците за гориво и храна успеале да заштедат пари за неверојатните искуства кои овој дел од светот може да ги понуди. Нивниот пат околу Нов Зеланд траел три месеци и овие фотографии се краток увид во спомените кои им останале на Јохан и неговите пријатели. Тој за нив вели дека тие не се само документирање на неговите патувања, туку обид да ги инспирира другите да откриваат нови места.rnrn

rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

















