Неискрените луѓе секогаш се обидуваат да ги искористат туристите, а ако не сте внимателни, многу лесно можете да станете жртва. Овие совети ќе ви помогнат да заштедите време и пари, но и да останете безбедни додека го истражувате светот. Воглавно, овие трикови ќе ви помогнат да избегнете несакани изненадувања и да го извлечете најдоброто од вашиот одмор.rnrn
rn
1. Бесплатните нешта често не се бесплатни
rnВеројатно сте гледале улични изведувачи и некои од нив се навистина неверојатни. Но, бидете внимателни кога ќе понудат да се фотографирате со нив, бидејќи некои можат да ви побараат пари.rnrnДруг чест трик е со „нараквица за пријателство“. Измамниците ќе ви речат дека е бесплатна, ќе ви ја стават на раката, а потоа ќе ви побараат пари. Често доаѓаат во групи и едниот од нив ќе ви ја држи раката. Иако можеби ќе се чувствувате неудобно, сепак одбијте.rn
2. Носете резерви
rnРезервни копии од пасошот, дебитни и кредитни картички, батерии… сите овие нешта не зафаќаат многу простор но можат да го спасат вашиот одмор во итен случај.rn
3. Чувајте пари за несреќа
rnДобра идеја е секогаш да имате плус пари за итни случаи. Можно е да ви притребаат кога најмалку очекувате.rn
4. Запознајте се со локалните жители
rnЗапознајте се со локалните жители за навистина да го почувствувате местото. Исто така, немојте да им судите ако нивниот животен стил е многу поразличен од вашиот.rn
5. Моторите за изнајмување можат да бидат украдени или уништени
rnИзнајмувањето на мотор за време на патување може да биде многу практично. Но и овде постојат измами. Можно е доцна да откриете дека возилото е оштетено, па дури и украдено па вие ќе треба да ја платите штетата. За да го избегнете ова, заклучувајте го возилото со ваш клуч.rn
6. Бидете внимателни со оштетени глисери
rnДруга честа измама вклучува нешта како глисери, велосипеди или сноуборди. Кога ќе ги вратите назад, можно е да ви покажат пукнатини или гребнатини и да ви речат дека вие сте ги направиле. За да се заштитите, фотографирајте ги сите знаци на оштетување пред да користите каква било опрема.rn
7. Утрински летови за помала турбуленција
rnПовеќето бури најчесто настануваат попладне и навечер. Поради ова, утринските летови поретко се соочуваат со турбуленција.rn
8. Разбудете се порано
rnРазбудете се порано и избегнете ја гужвата. Утрото е најдобро и за фотографирање, а професионалците го нарекуваат „златниот час“.rn
9. Одберете го најдоброто време од годината
rnУчилишните распусти се единствениот период кога семејствата одат на одмор со децата. Доколку немате дете, најдобро е да патувате додека трае учебната година за да избегнете гужва. Понекогаш е најдобро да патувате вон сезона.rn
10. Научете неколку странски зборови
rnНема потреба да го познавате јазикот кога одите во некоја држава, но знаењето само неколку фрази може да направи голема разлика. Луѓето обично ценат кога туристите кажуваат по некој збор на нивниот јазик.rn
11. Земете адаптер за електронските уреди
rnДенес сите имаме многу електронски направи и секоја од нив доаѓа со полнач и кабли. Пред да одите на одмор, најдете адаптер што ќе функционира во државата каде што ќе одите.rn
12. Пакувајте се паметно
rnДали навистина ви се потребни 10 пара чевли кога одите на одмор од една недела?rn
13. Марамата е предмет со повеќе намени
rnМарамите се задолжителен дел од секое патување. Можете да ги користите за заштита од сонце, прашина, како шал, ќебе, па дури и како филтер за вода.rn
14. Јадете локална храна
rnКога барате место за јадење, следете ги локалните жители. Обично ќе платите помалку и вистински ќе го вкусите местото што го посетувате.rn
15. Прочитајте за местото што го посетувате
rnНаправете мало истражување и откријте што можете и што не можете да правите. Некои традиции се многу поразлични од она на коешто сте навикнати, па можете да направите нешто непристојно или да навредите некој, без воопшто да бидете свесни за тоа.rnrnПогледнете и како да организирате поволно патување од соништата.
