КАФЕ ПАУЗА

Како да не ги пречекорите сопствените граници?

Како да не ги пречекорите сопствените граници?

Written by

in

,

Дали во животот си ги поставувате вистинските граници, оние кои ви се својствени за вашиот карактер и се поврзани со вашите принципи? Отсуството или нејасните граници можат да доведат да толерирате речиси сè… Но, тоа не е добро, нели?rnrnКако да не ги пречекорите сопствените граници?rnrnЧестопати се жалите дека луѓето ве искористиле. Она што можеби конечно треба да го направите е да си ги поставите личните граници и да се придржувате до нив. Притоа, можете да го направите тоа без да изгубите нечија почит, љубов или доверба. Напротив. Во продолжение прочитајте кои се основните граници што треба да ги поставите во однос на животот, кариерата и љубовта.rn

1. Кажете „не“ на сè што е надвор од вашите можности

rnСопственото искуство ви е најдобриот показател за тоа кои се вашите потенцијали. Не треба да се стремите кон нешто доколку тоа е надвор од вашите можности. Освен тоа, не одржувајте нереални очекувања за себе. Во спротивно, со тоа што ќе кажете „да“ за работи за кои немате време, не само што се лажете и се разочарувате себеси, туку го разочарувате и соговорникот. Таквото однесување не води кон градење здрав однос со другите.rn

2. Никогаш не влијаете врз другите за себични потреби

rnМорате да направите договор со себе дека никогаш нема да користите некој друг како „емотивен сунѓер“. Вие и само вие, сте одговорни за сопствениот емотивен багаж. Во ред е кога-тогаш да побарате совети од семејството и пријателите. Но, обидот за манипулирање или емоционално влијание врз некого е неприфатлив.rn

3. Не толерирајте лаги

rnИзбегнувајте ги оние кои се „хранат“ себеси и другите со лаги. Наместо тоа, комуницирајте со луѓе кои се доволно емоционално зрели за да се справат со реалноста.rn

4. Не дозволувајте некој да ве третира како обична опција и да не ве почитува

rnНикогаш не преминувајте ги границите на самопочитта поради љубовта! Доколку толерирате нечие непочитување, само покажувате дека не се почитувате себеси. Не заборавајте дека заслужувате љубов, почит и лојалност затоа што вие сте единствени.rn

5. Не присилувајте некој кој веќе индиректно ве одбил

rnАко присилувате некој на нешто, резултатите уште на почетокот ќе бидат осудени на пропаст. Кога ќе сфатите дека некој едноставно не е сигурен што чувствува кон вас, најдобро е да оставите времето да покаже.rn

6. Ставете крај на врската доколку сфатите дека ве злоупотребува

rnЧестопати, таквиот вид злоупотреба се одвива прикриено. Можеби вашиот партнер со години ве повредува, а вие не сте свесни за тоа. Таквите партнери неретко имаат одлични убедувачки способности и притоа ве убедуваат дека им е жал за грешките што ги направиле и дека ќе се поправат со текот на времето. За жал, тоа никогаш нема да се случи. Доколку постојано ги жртвувате вашите вредности, мир и среќа за да ги задоволите барањата на партнерот, тогаш треба да ставите крај на врската.rn

7. Не обидувајте се секогаш да ги решавате туѓите проблеми

rnСекој има сопствени проблеми и тешкотии низ кои поминува во одреден сегмент од животот. Тоа не значи дека вие треба да бидете нечиј „ангел“ кој постојано ќе им помага на другите, а притоа ќе ја загрози сопствената среќа.rn

8. Не преминувајте ги вашите граници за никого

rnВашите однапред поставени граници треба да бидат универзални, нешто за кое нема да преговарате со никого. Затоа, понекогаш треба строго да се однесувате без притоа да направите отстапки. Само тогаш луѓето ќе ве почитуваат вас и вашиот простор.rnrnОткако ги прочитавте овие совети, можеби ќе сакате да прочитате и за едноставните чекори кои ќе ви помогнат да ја зголемите самопочитта.rnrnИзвор: themindsjournal.com