КАФЕ ПАУЗА

Како да ја развиете вашата интуиција?

Како да ја развиете вашата интуиција?

Written by

in

,

Честопати ја занемаруваме интуицијата, но таа може да донесе многу реални резултати. Понекогаш, нашиот единствен проблем се состои во фактот дека не сме способни да ја послушаме бидејќи не ни се доволно развиени интуитивните вештини. Интуицијата е моќна алатка која може да нè доведе до знаењето преку непознати патишта. Во продолжение прочитајте како можете да ја развиете вашата интуиција.rnrnКако да ја развиете вашата интуиција?rn

1. Земете ги предвид вашите верувања и ставови

rnПозитивното размислување претставува основа за вашиот личен раст и развој. Негативните, пак, можат само да ви наштетат. Затоа, важно е навреме да се ослободите од контрапродуктивните ставови за кои можеби не сте ни свесни дека ги имате.rn

2. Слушајте го вашето тело

rnВашето тело е сложен и чувствителен интуитивен рецептор. Од тука произлегува дека свесноста за сензуалноста на вашето тело ја отвора интуицијата. Ова сознание ќе ви помогне и да не ги игнорирате раните предупредувачки знаци што ги испраќа вашето тело.rn

3. Не занемарувајте ја суптилната енергија на вашето тело

rnНие сме составени од крв и месо, но и од енергија. Во кинеската медицина таа енергија се нарекува „чи“ и се работи за витална супстанца која има значително влијание врз нашето здравје. Затоа, важно е да научиме да ја чувствуваме таа енергија во нас, да препознаеме кога е исклучена и да научиме да ја воспоставиме во рамнотежа.rn

4. Нека вашата интуиција биде вашата водилка

rnСекој од нас поседува интуитивен глас кој содржи одговори за нашето исцелување, но не му обраќаме доволно внимание со оглед на тоа дека нашиот интелект е многу погласен. Сепак, постојат неколку начини како да допреме до него: медитација, размислување, молитва и поврзување со природата. Не занемарувајте го и секој ден поминувајте неколку минути во тишина. Набргу ќе почнете да ги препознавате знаците што ви ги испраќа вашата интуиција.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за развој на вашите интуитивни вештини, можеби ќе сакате да прочитате и како да ја истренирате интуицијата и да ги предвидите работите кои ќе ви се случат.rnrnИзвор: themindsjournal.com