КАФЕ ПАУЗА

Како да ја научите вашата ќерка да го сака своето тело?

Како да ја научите вашата ќерка да го сака своето тело?

Во време кога социјалните мрежи станаа императив и поставија стандарди за сè, од бојата на косата, стилот на облекување, до тоа како треба да изгледа нашето тело, навистина е тешко да се биде тинејџер, да се справува со хормони, несигурности и да прерасне во стабилна и задоволна личност. Повеќето тинејџерки се несигурни и незадоволни од своите тела, затоа е многу важно мајките да реагираат навреме и преку детален разговор да му објаснат на своето дете зошто е важно да се сакаат себеси и своите несовршености.rnrnКако да ја научите вашата ќерка да го сака своето тело?rnrnПубертетот носи многу хормонски промени во организмот, од кои како последица се јавуваат вишокот килограми и акните, а сето тоа предизвикува несигурност и незадоволство кај младите девојки. Во ваквите ситуации, често родителите се главна потпора кои можат да им помогнат на младите девојки да застанат на свои нозе и успешно да се изборат со несигурноста и да стекнат самодоверба. Разговорот за време на пубертетот е неопходен и многу е важно да знаете како да им пристапите на тинејџерите на прав начин, за да можат да го почувствуваат вашето разбирање и поддршка.rn

Не го намалувајте нивниот проблем

rnКога ќе ви ги каже неправилностите кои не ги сака на себе, слушајте ја и разберете ја. Објаснете ѝ дека таа моментално минува низ процес на промени и дека набрзо нејзиното тело ќе стане убаво со малку трпение и труд.rn

Објаснете им го значењето на туѓите коментари

rnОбидете се на време да ја научите дека туѓите коментари не треба да допираат до неа. Дека таа е убава онаква каква што е и дека сето тоа ќе стане неважно оној момент кога навистина ќе научи како да ужива во себе и во својата убавина.rn

Помогнете им да станат задоволни со себеси

rnПредложете ѝ да започне со некој спорт, за да го обликува своето тело на правилен начин. Исто така, советувајте ја во изборот на гардероба која добро ѝ стои, како и за шминката и фризурата. Таа ќе стане многу посигурна кога ќе добие поддршка за сопствените одлуки и комплиментите добиени од личност на која ѝ верува.rnrnПочитајте го и ова неверојатно моќно писмо на една мајка до својата ќерка тинејџерка.