Маските за лице направени од здрави состојки не само што длабински ќе ја исчистат вашата кожа, туку и ќе го забават нејзиното стареење. Сепак, не треба да заборавите пред нивното нанесување да ја подготвите кожата.rnrn
rnrnНаправете чај од камилица и напарете го лицето. На овој начин ќе ги отворите порите и ќе ја подобрите апсорпцијата на состојките од маската. Затоа направете маска која ќе одговара на вашиот тип кожа, нанесете ја на лицето, пуштете лабава музика и уживајте во овој куќен ритуал.rnrn
За нормална кожа
rnИзмешајте една лажица јогурт и лажица мед, а потоа додадете неколку капки етерично масло од ружа. Мешајте ги состојките додека не добиете кремаста смеса. Потоа, со лесно движење нанесете ја маската на лицето и оставете ја да делува околу 15 минути. На крај измијте го лицето со млака вода. Кожата ќе ви биде совршено хидрирана.rnrn
За сува кожа
rnМаската направена од масло од една лажичка мелени пченични никулци и две лажички маслиново масло е совршена за негување на овој тип кожа. Нанесете ја рамномерно на лицето, оставете ја да делува 20 минути, а потоа измијте го лицето со млака вода.rnrn
За мрсна кожа
rnТиквата е идеална за проблематична и мрсна кожа. Направете маска од две лажици пире од тиква, која претходно ќе ја сварите на пареа, две лажици мед и пола лажица ладно млеко. Во смесата додадете и неколку капки сок од свежи јаболки. Овој „производ“ од вашата кујна е идеален за чистење и стеснување на порите.rnrn
За комбинирана кожа
rnПомешајте лажица јогурт и лажица масло од јојоба, па во оваа смеса додадете неколку капи етерично масло од лаванда. Со нежни движења нанесете ја на лицето и после 15 минути измијте ја маската со млака вода.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.