Свилената блуза никогаш нема да излезе од мода, но понекогаш таа знае да биде навистина тешка за комбинирање. Да останете доследни на модните трендови додека се обидувате да смислите добри комбинации користејќи традиционални парчиња облека може да биде потешко одошто мислите. Токму затоа и решивме да ги споделиме овие совети со вас, со цел да изгледате гламурозно, но и модерно во омилената свилена блуза.rnrn
rnrnАко решите да носите свилена блуза, вие ризикувате да изгледате премногу дотерано за одредени прилики. Токму затоа и ве советуваме да се држите до едноставните модни парчиња. Свилената блуза идеално ќе се вклопи со фармерки и едноставни штикли.rnrn
rnrnСвилената блуза во пастелна боја, одлично стои со пастелни панталони. Овој изглед е многу нежен, а истовремено и совршен за сите бизнис прилики. Можете да додадете и аксесоари во смели бои, по желба.rnrn
rnrnМодерно е да комбинирате различни материја. Тоа значи дека свилената блуза одлично ќе оди и со кожното црно здолниште. Ако си играте со материјалите, обидете се да ставите колку што е можно помалку бои на себе, за да не изгледате пренатрупано.rnrn
rnrnСовршено ќе изгледате и во монохроматска модна комбинација. Користете различни нијанси на истата боја и осмислете аутфит кој ќе биде пригоден за различни прилики. На пример, свилената блуза со панталони со висок струк, заедно со коцкеста торба и класични штикли е еден од најсофистицираните бизнис изгледи.rnrn
rnrnСите љубители на боите треба да имаат свилена блуза во шкафот. Ништо не изгледа толку добро колку свилена блуза во силна боја, во комбинација со шарени панталони со интересен принт и големи чевли.rnrn
rnrnЗа личностите кои преферираат класика, свилената блуза во пастелни бои, структурираниот блејзер и панталоните во силни бои имаат потенцијал да станат нивната нова омилена и незаборавна комбинација.rnrn
rnrnСо оглед на тоа дека свилената блуза совршено оди со различни аутфити и стилови, сигурно ќе го пронајдете најдобриот начин да ја комбинирате според вашиот вкус. Станува збор за парче облека што никогаш нема да излезе од мода, па затоа и дефинитивно вреди да инвестирате во неа.rnrnДознајте и како да ја претворите свилената марама во модерно летно парче облека.
Како да ја комбинирате свилената блуза и да изгледате неодоливо?
