rn
1. Замка на прекар
rnСите родители најпрво проверуваат како името се согласува со презимето. А дали сте провериле како најчестите прекари се сложуваат со презимето? Многу луѓе имаат презимиња кои сами по себе може да звучат навредливо или чудно, па во комбинација со прекарот нештата можат да станат уште полоши.rn
2. Замка на иницијали
rnКога веќе го стеснивте кругот на имиња кои влегуваат во конкуренција, на лист хартија ставете ги и иницијалите. Иако Никола Неделковски изгледа како доста убаво име и презиме, иницијалите НН сугерираат на непознато лице. Уште полошо би поминала Сара Станковска, бидејќи на сите им е познато што значи кратенката СС. Бебето Душан Ристов ќе се роди како доктор (ДР), а Урош Чупиќ за цел живот ќе биде ученик или училница (УЧ).rn
3. Замка на поправање
rnМногу убави имиња доведуваат до постојани грешки во пишувањето или изговорот. И Маријана и Марјана се одлични имиња за девојче, но првата верзија е многу повообичаена од втората (која и се изговара поразлично, со акцент на слогот „ја“). Слично поминува и Горјан, кој цел живот го мешаат со Горан. Овој проблем доведува и до грешки во документите кое детето ќе биде принудено да ги исправува целиот свој живот.rn
4. Замка на популарни имиња
rnАко се одлучите за име кое во таа година е доста популарно, сметајте дека вашето дете ќе оди во градинка и понатаму во училиште со многу деца кои ќе имаат исто име како него или неа. Ако на сето ова се додаде и вообичаено презиме, постојат големи шанси дека децата ќе имаат исто име и презиме. Ако вашето презиме е невообичаено, морате да сметате на тоа дека ќе прерасне во прекар на вашето дете.
rn
5. Замка на брат или сестра
rnНекои имиња самите по себе се убави, но во комбинација со имињата на постарите деца, или имињата на родителите, може да звучат сосема поразлично. Марко и Славко се најочигледен пример. Марија и Магдалена може да звучат убаво заедно, но имаат и значење кое не треба да се занемари.rn
6. Замка на имејл адреса
rnТешко е да замислите дека еден ден вашето слатко бебе ќе добие своја имејл адреса, но и тоа ќе се случи. Приватната адреса ќе може само да си ја избере, но компаниите во кои ќе работи најверојатно имаат едно заедничко правило за давањето на адресата, каде што може да се создаде замка. Константин Урошевиќ звучи многу убаво, но обидете се да му направите имејл адреса од првата буква од името и презимето, и моментално ќе се откажете од кое било име кое започнува на буквата К.rn
7. Замака на (не)познати имењаци
rnВнесете го целосното име и презиме на вашето дете во вашиот омилен интернет пребарувач. И овој чекор никако немојте да го прескокнете. Веројатно нема на вашето дете случајно да му дадете име и презиме по некоја ѕвезда која сите ја познаваат. Но, што ако некој крадец или убиец, за кого досега не сте слушнале, се вика така? Или пејач кој не го сакате и не го следите? Порно ѕвезда? Такво име сигурно не сакате да му дадете на вашето дете!rn
8. Замка на значење
rnНемаат сите имиња убаво значење, а особено не на сите јазици. Убавото женско име Галина на италијански значи кокошка. Касандра е име со грчко потекло и значи заводничка, а Јулија од латински се преведува како човек со брада. Емилија е ривал, а Томислав значи близнак.
За крај, погледнете и што ќе се случи доколку му дадете на вашето бебе уникатно име!

