КАФЕ ПАУЗА

Како да испеглате кошула за 90 секунди?

Ако утрото сте се успале или едноставно немате време да пеглате кошула за на работа, овој трик ќе ви помогне да го забрзате процесот и за 90 секунди да бидете готови.rnrnkako-da-ispeglate-koshula-za-90-sekundi-kafepauza.mkrnrnПовеќето мажи ги носат кошулите под сако, така што доволно е да ги испеглате само јаката, предниот дел и манжетните.rnrnrnrnПрво и основно, свртете ја даската за пеглање обратно, испразнете ја водата од пеглата, загрејте ја, испрскајте ја со вода и напрскајте го делот што треба да го пеглате. Ова правете го неколку пати. Притискајте силно и влечете со прстите на спротивниот крај.rnrnОсобено внимание обрнете на јаката, бидејќи таа најмногу ќе се гледа. Најпрво исправте ја и поминете ја цврсто со пеглата, а потоа превиткајте ја, па притиснете повторно за да не би се изместувала додека ја носите. Манжетните пак, откопчајте ги и испеглајте ги од внатре, само на краевите на ракавите. На крај закачете ја кошулата на закачалка малку да се олади и готово – спремна е за носење за неколку секунди.