КАФЕ ПАУЗА

15 здодевни клишеа кои ќе ги слушнете после раскинување

Значи, тоа е тоа. Готово е. Врската која мислевте дека ќе трае засекогаш, партнерот за кој мислевте дека е вистинскиот, животот кој го испланиравте – повеќе ги нема. Одеднаш вие повторно се враќате на сингл животот. И додека ви се чини дека сите околу вас се венчаваат, вие повторно мора да се вратите на сцената со состаноци и сѐ што опфаќа целата таа фаза.rnrnКако што е редот, утехата ќе ја побарате во најблиските – колеги, најдобри пријателки, пријателки на пријателките, роднини, браќа, сестри, тетки, на жената од автобусот… листата е бесконечна. Но, без оглед на тоа кој ќе биде вашето рамо за плачење, можеме да ви гарантираме дека ќе ги слушнете овие 15 досадни клишеа – најверојатно повеќе од еднаш. Сигурни сме дека тие ви мислат добро, но еве како вие реагирате на тие „мудри“ мисли.rnrnPhotograph of couple ripped in halfrn

1. „Прифатете ги работите како што доаѓаат.“

rnКоја е алтернативата? Да земам еден слободен ден, да одлучам дека е ужасен и да ја прескокнам утредента?rn

2. „Ќе ти биде подобро откако преспиеш.“

rnИзвинете, дали мислите дека ќе можам да заспијам? Дали пред или после гледањето на 1.537-те заеднички фотографии, прелистаниот Инстаграм и Твитер и гледањето на Фејсбук профилот на секој негов пријател, роднина и секое малку поврзано лице со него за да пронајдам некои траги во врска со тоа што правел тој денес?rn

3. „Нештата се случуваат со причина.“

rnДали е тоа така? Набројте барем една добра причина зошто јас завршив вака, со чувство како срцето да ми е искорнато, скршено и згмечено.rn

4. „Времето е одличен исцелител.“

rnОва може да биде вистина, но зошто ова клише е добро за мене токму сега? Вие ми кажувате дека треба да живеам со оваа болка подолго време пред да започнам да се чувствувам подобро?rn

5. „Ќе најдеш некој нов наскоро.“

rnОва не е нешто што некој сака да го слушне, особено некој што се опоравува од идејата дека нема да го помине животот со личноста што ја сакал. Помислата да се биде во близина на некој нов е застрашувачка. Тоа всушност ја прави помислата да се биде сингл уште позастрашувачка.rn

6. „Тој не е вреден.“

rnЗа тебе може не вреди ништо, но во моите очи таа личност вреди сè.rn

7. „Постојат многу риби во морето.“

rnСериозно? Дали навистина ми го кажуваш ова?rnrn2-15-dosadni-klishea-koi-kje-gi-slushnete-posle-raskinuvanjeto-www.kafepauza.mk_rn

8. „Ќе ти биде подобро без него.“

rnТоа може да биде точно, но тоа не значи дека некој друг може да го има.rn

9. „Уживај да бидеш сама со себе некое време.“

rn*одеднаш се чувствува уште поосамена*rn

10. „Никој не е достоен за тие солзи.“

rnА што го квалификува некого како вреден за солзи?rn

11. „Едноставно не било судено.“

rnНе ми даваш никаква утеха.rn

12. „Сè се враќа.“

rnЈас не би предизвикала ваква душевна болка на никого!rn

13. „Можеш да најдеш подобар.“

rnОва никогаш не би го кажала додека бевме заедно, велеше дека сме совршени еден за друг. Знам дека ми го кажуваш ова за да се чувствувам подобро. Престани!rn

14. „Кога една врата ќе се затвори, друга се отвора.“

rnОхх, те молаааамммм….rn

15. „Искористи ја оваа можност за да направиш нешто што порано не би го направила.“

rnОва е можеби единствениот совет кој може да биде корисен. Да, можеби можам да патувам, да работам во странство, да ја прифатам работата што ја пропуштив, бидејќи не сакав да бидам во врска на далечина, да се преселам во омилениот град. Факт е дека можностите се бесконечни.