КАФЕ ПАУЗА

Како да го вметнете ултрапопуларниот ацтеки стил во вашиот изглед?

Како да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?

Ацтеки стилот е вртоглаво популарен оваа сезона, па не заборавајте во вашиот плакар да вметнете макар едно парче со ваков дезен. Она што е одлично за облеката и аксесоарите во ацтеки стил е што лесно се вметнуваат во секаква комбинација од секојдневен изглед за на кафе до свечен настан.rnrnКако да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?rnrnОвој стил се базира на дезени, шари и текстури инспирирани од народен фолклор кои успешно стигнаа до модните писти. Сепак, во обидот да го инкорпорирате ацтеки стилот во вашиот секојдневен изглед, лесно би можеле да постигнете спротивен ефект и да изгледате небаре сте се маскирале во народна носија. Еве како успешно да го носите ацтеки дезенот во која било комбинација, избегнувајќи несакани ефекти.rnrnКако да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?rn

Не заборавајте дека акцентот е на ацтеки стилот

rnОвој дезен е полн со шари и различни текстури и самиот по себе остава впечаток. Не комбинирајте го со парчиња облека во дречливи нијанси и шари, туку со едноставно еднобојно парче. Лесно може да го „пренакитите“ вашиот изглед, затоа покрај парчето во ацтеки дезен, другиот дел од облеката нека биде што е можно поедноставен. На пример, ацтеки здолниште или панталони може да искомбинирате со тексас кошула или лесна еднобојна маичка.rnrnКако да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?Како да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?Како да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?rn

Ацтеки стилот може да биде едноставен и елегантен

rnПрво нешто што ни паѓа на памет кога ќе чуеме за овој стил, се дречливите бои и дезени, но не мора да биде така. За разни пригоди и поелегантни комбинации може да одберете едноставни и не толку впечатливи парчиња облека, кои повторно ги комбинирате со еднобојни парчиња и едноставен накит.rnrnКако да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?Како да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?rn

Не заборавајте на аксесоарите

rnДоколку не ви се допаѓа облеката во овој стил, пробајте со аксесоарите. Побарајте аксесоари кои би можеле да се вклопат во вашиот стил. На пример, сандали во ацтеки стил одлично ја разбиваат монотонијата на секојдневниот изглед, а истото важи за чантите, марамите за коса и накитот. Сепак летната сезона налага поголема слобода во облекувањето па бидете смели да испробате нови трендови.rnrnКако да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?Како да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?Како да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.