КАФЕ ПАУЗА

Како да го спречите печењето на кожата по бричењето?

Како да го спречите печењето на кожата по бричењето?

Ако има нешто кое ве спречува да се бричите секој ден, тоа сигурно е печењето на кожата кое се јавува после тоа. Сепак, бричењето не ги засега само влакната на лицето и на вратот, туку и кожата под нив. За да ја спречите оваа непријатност и на мира да се бричите секој ден, следете ги овие неколку совети од дерматолозите.rnrnКако да го спречите печењето на кожата по бричењето?rn

Бричете се после топол туш

rnТоплата вода ја омекнува кожата како и влакната кои се на неа. Тоа ќе спречи бричот да отстранува и мали слоеви кожа.rn

Убаво нанесете го гелот или пената за бричење

rnГелот за бричење е подобар од пената, но ако го нанесете брзо и мрзливо тој нема да даде добар ефект. Нанесете го убаво и полека, со кружни движења, притоа малку масирајќи ја кожата. Тоа треба да трае една до две минути. Знаете како може да се чувствувате ако поминете со бричот на сува кожа.rn

Сменете го жилетот

rnНовиот и квалитетен жилет лесно ќе ги сече влакната. Ако почувствувате дека тоа не се случува, значи дека е време да се смени жилетот пред да ви ја уништи кожата на лицето.rn

Внимавајте на редот

rnПодебелите влакна бараат повеќе време за да омекнат откако ќе го нанесете гелот за бричење. Затоа прво нанесете го на подебелите влакна, како што се оние од страните на лицето и на вратот, па нагоре кон брадата, а завршете со мустаќите затоа што тоа се најтенките влакна на лицето.rn

Техника на бричење

rnБричењето во насоката во која растат влакната ќе ја заштити кожата од печење. Факт е дека бричењето во спротивна насока обезбедува помазна кожа затоа што така бричот полесно навлегува под кожата, но тоа е причина и за печење после тоа.rn

Не притискајте премногу

rnНема подобро да си избричите ако притиснете посилно, туку само ќе ја изиритирате кожата.rn

Често мијте го бричот

rnМијте го бричот на секои еден до два потези за да ги исчистите влакната кои остануваат на него. Ако не ги отстраните тие ќе го блокираат бричот и тој нема да ги сече туку ќе ги кубе влакната.rn

Нанесете крем за после бричење

rnНа крај, нанесете и крем за после бричење. Најдете го оној кој најмногу одговара на вашата кожа и кој го спречува печењето после бричење и користете го редовно.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.