КАФЕ ПАУЗА

Како да го спречите емоционалниот багаж да влијае врз вашите одлуки?

Како да го спречите емоционалниот багаж да влијае врз вашите одлуки?

Written by

in

,

Од исклучителна важност е да научите како да се справувате со емоционалниот багаж и да не дозволувате да влијае врз вашите одлуки. Терминот „емоционален багаж“ се однесува на сите спомени (особено болните) кој ги обликува вашите ставови и верувања, влијае врз начинот на кој се гледате себеси и начинот на кој се однесувате кон другите. Еве неколку совети како да не дозволите болните спомени да влијаат врз вашата сегашност и ментална благосостојба.rnrnКако да го спречите емоционалниот багаж да влијае врз вашите одлуки?rn

1. Препознајте ги вашите проблеми

rnЕден од првите чекори што морате да го направите ако сакате да се справите со емоционалниот багаж е да ги идентификувате вашите проблеми со оглед на тоа дека не можете да се справите со нешто ако не знаете што е тоа. Навратете се на вашето детство како и на сите досегашни значајни врски за да откриете дали одредени работи ве повредиле и трауматизирале.rn

2. Размислете што е она што ве навраќа на болните спомени

rnОвде може да станува збор за разноразни настани или луѓе кои можат да ве потсетат на минатото и на неубавите спомени. На пример, некој од поранешните партнери ве изневерил, а вие не сте успеале да ја пребродите таа ситуација. Така, честопати ви се случува да се сомневате во лојалноста на сегашниот партнер без да имате некакви докази за тоа.rn

3. Признајте ги своите емоции

rnВо таквите моменти обидете се да ги признаете емоциите, но не дозволувајте тие да ве контролираат. Важно е да не се обвинувате себеси што се чувствувате така бидејќи ви треба време да ги надминете траумите од минатото. Доволно е да ги споделите со некој близок во кој имате доверба.rn

4. Бидете трпеливи

rnВо сиот овој процес важно е да имате трпение бидејќи потребно е време да зараснат раните од вашето минато, а тоа не може да се случи преку ноќ. Време е да почнете да работите на нови навики кои ќе ги заменат старите и ќе ви помогнат да ги достигнете вашите цели. Бидете трпеливи и исчистете го умот од сите тие непријатни мисли. На тој начин ќе ги надминете сите пречки од минатото.rn

5. Замислете се себеси како среќна личност

rnОбидете се да замислите како би изгледало кога би се ослободиле од сиот тој багаж! Несомнено ќе се чувствувате послободни, ќе можете да размислувате појасно и ќе уживате повеќе во секој сегашен миг.rn

6. Не плашете се да побарате помош

rnДоколку се чувствувате преоптоварен или доколку не знаете како да се справите со сите тие болни искуства и емоции од минатото побарајте помош од другите. Можете да отидете кај терапевт кој ви помогне да се справите со тие проблеми или да поразговарате со некој од вашите најблиски кој ќе ви понуди поддршка и разбирање.rnrnОткако прочитавте како да не дозволите емотивниот багаж да ви влијае во животот, можеби ќе сакате да прочитате и како да престанете да се обидувате да ги поправате луѓето и да ги прифатите такви какви што се.rnrnИзвор: allwomenstalk.com