Менопаузата е природен биолошки процес кој започнува кај жените постари од 40 години и го означува крајот на менструалниот циклус. Некои жени влегуваат во менопауза на 45 години, а некои дури после 50-тата година од животот. Секој случај е индивидуален и зависи од многу фактори.rnrn
rn
Зошто жените се дебелеат за време на менопаузата?
rnГлавен показател за почеток на менопаузата е недостатокот од регуларни менструални циклуси во текот на годината. На ова ѝ претходи перименопаузата, период во кој се јавуваат симптоми како сувост на вагината, проблеми со спиењето, сува кожа, истенчување на косата и емоционални испади.rnrnДруг симптом кај менопаузата е зголемувањето на телесната тежина. Причината за ова е забавениот метаболизам, намалената мускулна маса, како и хормоналните промени поврзани со старост. Како резултат, одредени протеини и ензими кои им овозможуваат на клетките да акумулираат повеќе масти, стануваат поактивни.rnrnОвој симптом најмногу се забележува кај жени кои претходно немале проблеми со тежината. Наталожените масти најчесто се наоѓаат на стомакот и грбот. Овие промени можат да ве фрустрираат, да ви ја намалат самодовербата и да ви го влошат расположението.rn
Дали можете да промените нешто?
rnЗа да не качите некој килограм во текот на менопаузата, потребно е да направите промени во животниот стил, особено во исхраната и физичката активност. Биејќи менопаузата е биолошки процес, развивањето на неговиот механизам ќе ви помогне да најдете начин да ја зачувате тежината што ја сакате.rnrnНајпрво е важно да најдете физичка активност, откако ќе се консултирате со лекар. Тоа може да биде аеробик, пливање, јога, танцување, возење велосипед или што било што ви е забавно. Дури и редовното пешачење и играње надвор со внуците може да има позитивен ефект. Покрај борбата против дебелеењето, вежбањето го спречува и развојот на кардиоваскуларни болести и остеопороза, го подобрува расположението и работата на цревата.rnrnДруг важен фактор е исхраната. Постојат неколку правила што ќе ви помогнат во ова:rn
- rn 011
- Намалете го консумирањето шеќер
- Јадете житарици од цело зрно
- Јадете повеќе темен зеленчук и светло овошје
- Избегнувајте преработена храна
- Намалете го консумирањето на храна со „прости“ јаглехидрати
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnПокрај тоа избегнувајте да јадете навечер, порциите направете ги помали, а доколку вечерате на забава или во ресторан, изедете само половина порција.rnrnМожете многу лесно да се справите со вишокот килограми во текот на менопаузата. Нема потреба од разни средства за слабеење. Доволно е само малку да го промените начинот на живот и ќе ги почувствувате придобивките.rnrnСимптомите од менопаузата можат да бидат навистина проблематични, па погледнете како можете да ги ублажите.
