КАФЕ ПАУЗА

Како да го намалите прекумерното потење на природен начин?

Како да го намалете прекумерното потење на природен начин?

Дебелина. Акни. Првут. Настинка. Сите овие вообичаени проблеми имаат нешто заедничко – тие се видливи и срамни. Но, што е уште посрамно од ова? Неочекуваниот одговор е дамки од пот на облеката. Иако сите не се согласуваат дека прекумерното потење е најлошото нешто од горенаведените работи, многу луѓе кои го искусиле ова, знаат колку може да биде вознемирувачко чувството.rnrnКако да го намалете прекумерното потење на природен начин?rnrnНутриционистот Рик Хеј открива дека прекумерното потење настанато од високите температури или стрес, можете да го намалите со употреба на природни лекови.rnrnТој советува да се консумира витамин Б, бидејќи тој го намалува стресот кој предизвикува зголемено потење, но исто така препорачува и да се намали консумирањето алкохол и кофеин. Покрај овие работи, Хеј препорачува да се консумира лесна храна и овошје, како грозје и лубеница, кои организмот може побрзо да ги свари.rn

„Витаминот Б ги регулира хормоните и го држи нивото на стрес под контрола. Често, кога се потиме, стануваме нервозни поради дамките од пот кои се создаваат на облеката. Тогаш уште повеќе се зголемува температурата на нашето тело, па стануваме анксиозни и сме изложени на стрес. Сето ова води до прекумерно потење“, вели Хеј.

rnВитаминот Б има клучна улога, бидејќи ги поврзува ендокриниот и нервниот систем, кои имаат важна улога во реакциите на стрес. Кога сме под стрес, овој хормон работи интензивно. Неколку студии покажале дека витамините Б6, Б9 и Б12 помагаат во регулирање на стрес.rnrnМагнезиумот исто така е „борец“ против прекумерното потење, бидејќи доколку немаме доволно магнезиум и калциум, тогаш нервите губат контрола врз отворањето и затворањето на порите од кои произлегува потта. Магнезиумот помага да се навикне организмот на секојдневниот стрес.rn

„Кога се потиме, губиме многу магнезиум од телото. Тоа води до зголемено потење, па затоа потребно е да се надополни. Јадете зелен зеленчук, ореви и семки за да ја обновите залихата со магнезиум, а јајцата на око и пивскиот квасец за витаминот Б. Тие се добри за вашиот нервен систем и помагаат да се регулира потењето“, додава тој.

rnХеј жените во менопауза ги советува да го користат растението шисандра, кое го регулира ноќното потење.rn

„Јадете овошје и зеленчук за ужина. Уживајте во лубеницата, грозјето, дињата, но и во краставицата, целерот и ротквиците“, препорачува Хеј.

rnИсто така, не ја потценувајте моќта на жалфијата, која го решава овој проблем со години наназад. Таа е природен извор на флавоноиди и полифеноли, што ја прават големо антиоксидантно и антибактериско средство.rnrnДознајте повеќе и што всушност можат да значат вашите проблеми со потењето?