Времето надвор е топло, секое попладне е прекрасно, па така веќе нема оправдувања зошто да не отидете да трчате. Ако веќе сте доволно мотивирани за да започнете со тоа, внимавајте на овие неколку грешки кои ги прават сите почетници и кои носат ризик да се откажете од оваа извонредна физичка активност.rnrn
rn
Претерување со трчањето
rnПочетниците најчесто трчаат пребрзо. Тие всушност и не знаат колку може нивниот организам да издржи, па се префорсираат во обидот што побргу да добијат резултати. Секој мора да си го пронајде темпото што му одговара и да не го оптовари срцето. Трчањето не смее да биде ниту предолго, а организмот мора да биде добро одморен. Во ред е првите неколку пати да се истрча и помалку од еден километар. Со редовен и правилен тренинг тоа набрзо ќе се смени.rn
Прејадување непосредно пред трчањето
rnНикако не трчајте со полн стомак. Не е добро а здравјето, а нема ниту да истрчате колку што би можеле. Најдобро е да јадете барем два часа пред да излезете да трчате, а ако сте гладни непосредно пред трчањето најдобар избор би било сушеното овошје, кое е богато со јаглени хидрати, лесно ќе се свари и брзо ќе го закрепне организмот. Исто така, не заборавајте дека добрата хидратација е многу важна. Испијте доволно вода пред тренингот.rnrn
rn
Премногу облека
rnЕдна од најголемите грешки што ја прават почетниците, особено оние кои сакаат што побрзо да симнат некој килограм, е претоплата облека. Таа нема да симне килограми, туку само ќе направи срцето да бие како лудо. Ако, пак, ви е студено, имајте предвид дека најдобра заштита пружа облекувањето во слоеви, а треба и да се погрижите дланките и стапалата да ви се добро стоплени.rn
Лош избор на теренот
rnПодлогата по која се трча влијае на стапалата, зглобовите и на колената. Најдобар избор се меки подлоги како атлетска патека или трева, додека асфалтот и бетонот треба да се избегнуваат. Шумските патеки се генерално добар избор, но треба да се внимава на нерамните делови.rnrn
rn
Лоши патики
rnТрчањето е многу евтин спорт. Единственото нешто во кое треба да вложите се добри патики. Трчање во стари и износени патики може да ви предизвика отекување на стапалата и да ве одврати од помислата да се вратите повторно на оваа физичка активност. Исто така, треба да обрнете внимание и на тоа дали вашите патики всушност одговараат на вашите стапала.rn
Недостаток на разновидност во тренингот
rnОбидете се да внесете разновидност во тренингот. Секојдневното трчање на една иста патека на еден ист терен може да здодее. Откако ќе добиете малку кондиција на рамен терен, испробајте се по нерамна шумска патека каде што ќе наидете на по некоја угорнина. Постојаниот предизвик ќе го направи трчањето позабавно и побрзо ќе ве однесе до посакуваните резултати.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
