Летото е најдобриот период да избегате од реалноста, да се спакувате и да заминете некаде. Но, не секој има такви планови. Без разлика поради која причина нема да одите на одмор, тоа не значи дека не треба да уживате во летото. Погледнете како да го извлечете најдоброто од оваа сезона дури и ако останете дома.rnrn
rn
1. Патување со спуштени прозорци и гласна музика
rnМожеби нема да одите во странство, но тоа не значи дека не можете да ги соберете пријателките и да се извозите до некоја блиска дестинација. Секако, најдобриот дел ќе биде самото патување и пеењето по патот.rn
2. Ден покрај базен
rnНе ви е потребна плажа за да уживате во летното сонце. Организирајте посета на градскиот базен со пријателките што се дома. Можете да направите коктели и да си организирате мала дневна забава.rn
3. Кампување во дворот
rnМожеби за кампување е потребна голема организација, но ќе се изненадите колку убав може да биде и вашиот двор. Поставете шатор, наместете перници и закачете неколку светилки. Поминете ја ноќта под ѕвездите. Ако немате двор, секогаш можете да кампувате во природа.rn
4. Вкусови од целиот свет
rnНе мора да одите во Италија за да јадете тестенини. Соберете ги пријателите и бидете готвач. Предизвикајте се да подготвите традиционални јадења од целиот свет. Ова е навистина забавен проект, а вашиот стомак ќе ви биде благодарен.rn
5. Снимајте го секој ден
rnНаправете интересен проект што ќе ви ги овековечи најдобрите моменти од летото. Снимајте кратки видеа од неколку секунди и на крајот на летото спојте ги во едно. Ќе добиете неверојатна монтажа која ќе можете да ја гледате секогаш.rn
6. Танцувајте како никој да не ве гледа
rnМожеби нема да посетите некој фестивал, но сигурно ќе има многу концерти на отворено во вашиот град. Не испуштајте ја можноста да танцувате цела вечер со вашите пријатели.rn
7. Направете ваш спа центар
rnНема потреба да трошите пари во спа центар за да се опуштите со пријателките. Ако немате никаков план, поканете ги кај вас и поминете ја вечерта со маникир, маски за лице и слично. Ќе се чувствувате прекрасно.rn
8. Филм под ѕвездите
rnАко не можете да најдете проекција на отворено, организирајте гледање филм во вашиот двор. Соберете ги пријателките, направете пуканки и уживајте во летните хитови.rn
9. Спијте колку што сакате
rnБидејќи нема да одите никаде, ова е совршен период да го надополните изгубениот сон. Можете да спиете до кога сакате бидејќи нема да има потреба да станувате за летови или одење на плажа.rnrnПогледнете ги и овие предлози за неверојатни летни фотографии.
