Секое утро носиме одлуки за нашите приоритети во текот на денот и за начинот на кој ќе го организираме времето кое ни е на располагање. Овој процес на одлучување продолжува во текот на денот до вечерта кога ќе одлучиме дали да спиеме или да гледаме друга епизода од омилената серија.rnrn
rnrnОна што понекогаш не го сфаќаме е фактот дека одлуките што ги носиме во текот на денот или ни помагаат или ни одмагаат. Некои избори можат да имаат непосредни, додека други можат да имаат долгорочни ефекти. Понекогаш не ни забележуваме дека правиме одредени работи, освен ако не ги анализираме или ако некој не ни го посочи тоа.rnrnСо оглед на тоа дека одредени навики кои ни ја трошат енергијата станаа дел од нашите животи, не ни треба долго време за да ги увидиме ефектите што тие ги имаат врз нашата целокупна благосостојба.rn
1. Постојано размислувате за минатото
rnКога ќе погледнете назад во минатото, речиси е сигурно дека ќе најдете нешто што ве прави несреќни. Работи за кои жалите и посакувате да можевте поинаку да се справите со нив. За жал, тоа е веќе завршена работа. Имајте на ум дека ништо нема да смените ако постојано размислувате за милион алтернативни начини на кои работите можеле да се одвиваат. Тоа ќе ве растажи и ќе ве направи депресивни. Наместо тоа, кога ќе погледнеме наназад, размислувајте за лекциите и грешките кои можат да ви помогнат да ја подобрите вашата иднина.rn
2. Лоша исхрана
rnОна што го храните вашето тело игра голема улога во тоа како се чувствувате. Нема ништо лошо во повремената брза храна, но кога вашата исхрана се состои од токму тоа и слатки закуски, тоа може да биде проблем. Лошата исхрана често доаѓа со постојано чувство на исцрпеност.rn
3. Премногу социјални мрежи
rnСоцијалните мрежи не се ниту добри ниту лоши. Она што е важно е начинот на кој ги користите. Одлично е кога имате можност да дознаете за најновите достигнувања во областите кои ве интересираат или да се поврзете со пријатели кои живеат далеку. Сепак, внимавајте да не трошите премногу време на социјалните мрежи бидејќи тоа може да придонесе за ментална исцрпеност.rn
4. Заборавате да го намалите темпото
rnЖивееме во свет со брзо темпо каде што времето е пари. Се трудиме да го извлечеме максимумот од 24 часа што ги добиваме секој ден. Се обидуваме да ги оствариме нашите цели и сакаме да завршиме што е можно повеќе работи од нашата листа со задачи. Среде овој хаос, често забораваме да застанеме и да земеме здив. Како резултат на тоа, ние сме вознемирени и во паника. Кога сте под голем притисок, потсетете се на важноста на дишењето. Вдишете длабоко и кога издишувате ослободете ја целата негативна енергија. Опуштете ги вилицата, јазикот и рамената.rn
5. Го чекате вистинскиот момент
rnКолку работи оставивте настрана со изговорот дека ќе ги направите кога ќе дојде време? Се ограничувате себеси и не ги правите работите што ги сакате бидејќи сметате дека „сега“ не е добар момент. Вистината е дека сега сте тука и дека нема подобро време од сега. Започнете уште сега да работите на своите соништа!rn
6. Опкружени сте со негативни луѓе
rnСтанува збор за луѓе кои секогаш се жалат и се чини дека ништо не им оди добро во животот. Не заборавајте дека луѓето со кои поминувате многу време влијаат врз тоа кои ќе станете. Затоа, колку повеќе сте опкружени со негативни луѓе, толку повеќе ќе бидете склони кон негативност.rnrnОткако прочитавте за овие 6 непродуктивни навики, можеби ќе сакате да прочитате и како да им ставите крај на одредени токсични навики во 2023 година.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
