Периодот кога сте на факултет може да биде тежок. Тогаш созревате и се подготвувате да водите живот што е независен, уникатен и предизвикувачки. Може да биде навистина стресно, но не мора сè да биде црно и бело бидејќи овие тешкотии нè прават посилни. Во продолжение следуваат неколку правила кои ќе ви помогнат да не полудите во тие тешки времиња. Студирањето не мора да биде толку лошо, па затоа прочитајте што можете да направите за да почувствувате дека имате контрола во вашиот живот.rnrn
rn
1. Бидете организирани
rnСредете ги вашите учебници според деновите во кои ви се потребни. Сигурно немате некое предавања секој ден, па некој учебник нема да ви биде потребен. Затоа, оставете го дома и не си додавајте непотребен стрес.rn
2. Јадете редовно
rnНекои студенти не можат да најдат време за јадење. Ова е неприфатливо. Потребна ви е енергија за да останете фокусирани и да го сработите потребното.rn
3. Никогаш не останувајте до доцна
rnСпиењето е потребно за да можете да функционирате. После неколку непроспиени ноќи ќе ви се намали вниманието и нема да можете да ги следите предавањата. Ќе имате помалку енергија и ќе имате проблеми со дигестијата. Не се повредувајте! Одете на спиење рано за да се разбудите освежени и полни со енергија.rn
4. Не заборавајте на туширањето
rnСтудентите се толку ненаспани и изгладнети што немаат време ни за туширање. Не заборавајте да вметните во распоредот туширање. Колку подобро си го одржувате здравјето, толку подобро ќе функционираат вашите тело и ум. Туширање со топла вода го стимулира хормонот окситоцин кој прави да се чувствувате добро.rn
5. Не одете на предавања со облеката која ја носите по дома
rnМногу студенти одат на предавања без да ја променат облеката. Треба да бидете професионални и да ве сфатат сериозно. Ова формира навика. Кога ќе ја смените облеката ќе се чувствувате подобро и ќе имате поголема самодоверба.rn
6. Не е сѐ во предавањата
rnПредавањата се медиуми преку кои учите. Ја имате можноста да го учите материјалот и сами. Ако не се чувствувате добро, можете да погледнете што се работело тој ден и да надополните за изгубеното. Има и други работи кои можете да ги правите во животот и ако нешто ви излезе, не е крај на светот. Многу е нормално студентите да прескокнуваат предавања понекогаш.rn
7. Бидете горди на вашите достигнувања
rnКаква оценка и да добиете, бидете горди на вашето макотрпно учење. Некогаш може нема да ја добиете посакуваната оценка, но такво е студирањето и тоа не е секогаш лесно. Ако забележите дека нешто не ви оди, секогаш можете да се повлечете или да седнете и да дадете сѐ од себе за да научите.rnrnСтресот може да биде заморен, но треба да научите дека не е добар. Тој ве прави помалку продуктивни. Па, дозволете му да исчезне и дајте го најдоброто од вас на факултет (и во текот на целиот живот).rnrnДознајте и кои се најдобрите европски градови за студирање!