КАФЕ ПАУЗА

Како да ги отстраните брчките околу устата?

Како да ги отстраните брчките околу устата

Брчките околу устата може да бидат назолабијални (се појавуваат во пределот од носот до усните) и во вид на мали, ситни линии над горните усни. Тие се од различно потекло: назолабијалните бразди настануваат како последица на опуштањето на лигаментите околу устата и брадата и под влијание на гравитацијата, со што се опушта самата кожа и масното ткиво околу образите. Брчките над устата, пак, можат да се појават како последица на пушењето, конфигурации во долниот дел од лицето и користењето мимики и гестови. И двата вида брчки се продлабочуваат со стареењето и со губењето колаген и еластин, со промените во телесната тежина, како и со изложувањето на сончева светлина.rnrnКако да ги отстраните брчките околу устатаrnrnПревенцијата на брчките околу устата во доцните дваесетти и во текот на триесеттите години од животот се прави со апликација на филери. Тие ја подигнуваат и поддржуваат кожата на лицето. Ефектот на терапиите со хијалуронска киселина во филерите трае од 12 до 18 месеци.rnrnТерапијата на брчки околу устата во четириесеттите и педесеттите години од животот се прави со апликација на ботулин А, кој го спречува или смалува настанокот на подлабоки брчки. Активната состојка, токсин ботулин А (ботокс), ги опушта малите мускули околу устата кои ги создаваат брчките.rnrnДвата вида брчки успешно се третираат во сите животни периоди со ласерска терапија. Ласерот, со површна аблација и додатно термално дејство, делува на длабоките слоеви на кожата и ги отстранува нејзините неправилности, истовремено стимулирајќи го создавањето на нов колаген, со што старата и уморна кожа станува поцврста и посвежа, со изедначен тен.rnrnЗа кој било метод и да се одлучите, не заборавајте секогаш да се штитите од сонцето, да јадете храна богата со антиоксиданси (бобинки, брокула, морков), да избегнувате големи промени на телесната тежина, да не пушите цигари и редовно да ја негувате кожата.