Очилата за сонце одамна не се „само“ моден додаток и станаа незаобиколен дел од секоја летна комбинација. Квалитетните очила за сонце не служат само за привлекување внимание и за надополнување на изгледот, туку се и неопходна заштита од опасното УВ зрачење. Очите се десет пати почувствителни на УВ зраците отколку кожата, а овие зраци можат и трајно да го оштетат видот.rnrn
rnrnНа поголем ризик се изложени луѓето со сини очи бидејќи имаат помалку пигмент, што значи дека се почувствителни на зрачењето. На своите очи можете да им помогнете и со здрава храна. Грашокот, кељот, спанаќот и останатиот лиснат зеленчук содржи лутеин, кој помага во спречувањето штетното сино светло да дојде до позадината на окото.rnrnКога ќе одбирате очила имајте го превид следново:rn
УВ заштита
rnПрепорачливо е да купите очила од познат произведувач кои пружаaт вистинска УВ заштита од сонцето. Изберете модел на кој пишува 99% или 100% заштита. Само тие навистина штитат.rn
Нека бидат темни
rnАко се погледнете во огледало и низ стаклата ги гледате своите очи, тогаш тие нема доволно да ја блокираат светлината. Полупроѕирните очила не ни изгледаат добро.rn
Важна е рамката
rnОчилата не треба да ви паѓаат, туку да стојат цврсто дури и кога ја мрдате главата.rn
Купете ги од оптика
rnНаместо на улица, купете очила во оптика. Така ќе добиете совет од стручњак, а тој ќе ви помогне и да изберете модел кој ги следи цртите на вашето лице. Секогаш барајте рамка која ја следи линијата на веѓите.rnrnЗа да не погрешите во изборот на формата на очилата, прочитајте кои најдобро ќе ви стојат, според обликот на вашето лице.rn
Срце
rnДа: мачкести и заоблени очилаrnrnНе: премногу декоративни очилаrn
rn
Правоаголник
rnДа: големи очила и прилепени за лицетоrnrnНе: премногу кратки очила во однос на лицетоrnrn
rn
Овал
rnДа: секој вид очила добро стои на овално лицеrnrn
rn
Квадрат
rnДа: кружни, овални и очила со облик на мачкини очиrnrnНе: премногу остри геометриски облициrnrn
rn
Круг
rnДа: широки, правоаголни очилаrnrnНе: кружни очила, дебели рамки во бојаrnrn
rnrnСлични правила при изборот на очила за сонце според обликот на лицето, важат и за мажите.
