КАФЕ ПАУЗА

Како да ги контролирате вашите мисли за време на медитација?

Како да ги контролирате вашите мисли за време на медитација?

Written by

in

,

Можеби најтешкото нешто за почетниците во медитацијата е фактот дека мислите не престануваат да се појавуваат. Понекогаш како да стануваат и погласни за време на медитацијата. Па, сигурно мислите дека првиот чекор кон успешно медитирање е контрола над вашите мисли. Но, според експертите, треба воопшто да не се трудите да ги контролирате мислите.rnrnКако да ги контролирате вашите мисли за време на медитација?rnrnНа почетокот правете го токму спротивното. Дозволете им на мислите да полудат и набљудувајте ги овие моменти за време на медитацијата.rn

„Штом ќе престанете да се борите против вашите мисли, ќе забележите дека се намалуваат и ќе почувствувате мир“, изјавила Саша Грам, авторка и интернационален тарот учител.

rnДоволно е да се закотвите во сегашниот момент преку дишење и мирување и ќе станете посвесни за себе. Ќе почнете да ги гледате мислите како мисли, а не како вистини или факти.rnrnЌе станете активен набљудувач, а ова е моментот кога ќе постигнете вистинска моќ. Ќе застанете повисоко од вашите мисли, и најважно, од вашите емоции. Тие нема да имаат никакво влијание врз вас.rnrnГлавната цел на медитацијата не е мирот на телото или мирот на умот. Главната цел е проширување на свеста така што нашите постапки ќе бидат хармонични.rnrnКога седите мирни за време на медитација, нормално е да почувствувате зголемен број мисли кои пак не ви овозможуваат да ја постигнете медитативната состојба. Но најдобриот начин да ги контролирате овие мисли е само да ги набљудувате.rn

„Станувајќи сведок на менталниот доток на мисли, ние ја прошируваме нашата свест“, изјавила Кедар Нат, експерт за јога.

rnСо текот на времето интензитетот на вашите мисли ќе се намали и ќе бидете способни целосно да ги сопрете.rnrnАко имате проблем со набљудување на вашите мисли, секогаш постојат други начини на медитација. Можете да се обидете да го насочите вашиот фокус. Луѓето кои медитираат го фокусираат нивното внимание на нешта како дишењето, мантрите, фотографијата или звуците. Кога свесно размислувате или се фокусирате на нешто, несвесните мисли исчезнуваат.rnrnБез разлика на вашиот пристап кон медитацијата, важно е да не ги судите мислите. Тие не дефинираат колку сте „добри“ во медитирање. Вашата врска со мислите ќе се смени со текот на времето, особено со често вежбање.rnrnВежбањето е еден од најважните делови во медитацијата. Со текот на времето ќе станете присутни во сегашниот момент, без потреба да контролирате што било, без чувства или проблеми, а тоа е вистинска слобода.rnrnПрочитајте ги и овие совети за медитација за почетници.