Дали често се чувствувате како жртва? Дали сте членот од тимот кој го изработува целиот проект, а потоа им дозволува на другите да го претстават како сопствен труд? Доколку е така, погледнете ги неколкуте начини на кои можете да се промените и да станете понаметливи.rnrn
rn
Побрзо донесувајте одлуки
rnКога ќе ве прашаат нешто, потрудете се уште веднаш да го кажете мислењето, без многу да размислувате. Така ќе оставите да ве води интуицијата и сигурно нема да погрешите. На пример, доколку имате многу домашна работа, а некој ви се јави да излезете, уште веднаш кажете дека не можете бидејќи тоа е вистинита и едноставно мора така да биде.rn
Знајте што сакате
rnМногумина што се чувствуваат како жртви во животот, всушност не знаат што сакаат, па и затоа им е тешко да се борат за себеси. Најважно е да имате визија за она што сакате да го правите, за да навистина успеете. Па така, доколку имате шанса за унапредување на работното место, покажете му на шефот дека вие сте тие што работат сѐ и дека навистина ја заслужувате позицијата.rn
Поставете си реални очекувања
rnЗа да бидете понаметливи, треба точно да знаете што може да очекувате од себеси и од другите. Доколку не се трудите доволно, не очекувајте да бидете најуспешни. Поставете си јасни цели и очекувања и постепено остварувајте ги.rn
Пребродете ги стравовите
rnМожеби луѓето не ве забележуваат доволно бидејќи самите сакате да се криете во сенка. Доколку вие сте го изработиле целиот проект, не дозволувајте друг, наместо вас, да го презентира јавно пред останатите. Не срамете се и пребродете го стравот од публика. Запомнете, храброста не значи дека не се плашите, туку дека дејствувате и покрај сите стравови.rn
Преку говорот на телото покажете самодоверба
rnИ да не сте доволно самоуверени, не дозволувајте другите да го забележат тоа. Користете го говорот на телото за затскривање на стравовите и за проектирање самодоверба. Држете се правилно, со гордо крената глава и не мрдајте нервозно со рацете.rn
Зборувајте јасно
rnКога сте нервозни, зборувате тивко и неразбирливо, грешејќи ги дури и наједноставните зборови. Многу подобро ќе биде доколку се смирите и зборувате бавно, јасно и гласно. Не зборувајте брзо бидејќи токму тоа може да ви ја издаде несигурноста.rn
Внимавајте на облеката
rnИзгледот не е пресуден, но сепак влијае на тоа како се чувствувате и како другите гледаат на вас. Потрудете се секогаш да носите чиста, средена и испеглана облека. Тоа ќе ви создаде доза на самодоверба, што ќе ви даде сила да бидете понаметливи.rn
Променете го жртвениот став
rnНајважно од сѐ е да го промените сопствениот жртвен став. Борете се за она во што верувате и мислите дека е правилно. На пример, кога некој ќе сака да го презентира проектот наместо вас, иако вие сте го изработиле, истапете и не го прифаќајте предлогот. Соберете храброст и верувајте во себе. Не дозволувајте другите да ве газат и покажете му на светот колку вистина вредите.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.